Јаневска: Најголем број образовни асистенти досега — 1.602 во основните и 176 во средните училишта
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека оваа учебна година во македонскиот воспитно-образовен систем се ангажирани најголемиот број образовни асистенти досега, со што, како што нагласи, Владата ја исполнува својата заложба за подигнување на инклузивноста на системот во целина. Изјавата беше дадена при одбележувањето на Меѓународниот ден на белиот стап, кое се одржа во Собранието во организација на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост и организацијата Зета — организација за попреченост и правда, во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и Националниот сојуз на слепи. Според податоците што ги соопшти министерката, во основните училишта низ државата ангажирани се 1.602 образовни асистенти, додека во средното образование нивниот број изнесува 176. Јаневска посочи и дека во тек е постапка за ангажирање на дополнителен број стручни лица за образовна асистенција, што дополнително треба да ја зајакне поддршката за учениците со посебни образовни потреби. Покрај зголемениот број асистенти, министерката нагласи дека инклузивноста се подигнува и преку јакнење на стручните служби во училиштата, односно преку ангажирање на потребниот кадар во нив. Паралелно со тоа, како што рече, се подобрува и пристапноста во училишните објекти, преку поставување рампи и тоалети наменети за учениците со посебни потреби, со што се создаваат услови за рамноправно учество во наставата. Јаневска потсети и дека се воведени две нови категории студентски стипендии, наменети за студенти со попреченост и за студенти со ретки болести, што претставува дополнителен чекор кон поголема поддршка на оваа категорија млади луѓе во високото образование. На одбележувањето беше истакнато и дека Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од минатата година функционира како ресурсен центар. Во него работат специјални едукатори и рехабилитатори, наставници