Јаневска: МОН нема надлежност за вработување специјалисти на Медицинскиот факултет, ДПИ ќе реагира ако се работи за избор во звање
FinPortal.mk · 23.9.2026 г.
Министерството за образование и наука (МОН) не е надлежно за вработување специјалисти на Медицинскиот факултет, изјави денеска ресорната министерка Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање за случајот на лекарот Дарко Василевски, кој јавно обвини за наводни нерегуларности и фаворизирање при изборот на кандидати на јавниот оглас за вработување на Медицинскиот факултет во Скопје. Јаневска потврди дека е запознаена со случајот и посочи дека, според информациите што ги добила, станува збор за вработување, а не за избор во звање. Таа јавно побарала до Државниот просветен инспекторат (ДПИ) да биде доставена претставка, но нагласи дека и доколку се работи за избор во звање, ДПИ ќе постапува. „Да, веќе сум запознаена. Така како што сум запознаена, ако се точни информациите што сум ги добила, станува збор за вработување, а не за избор во звање. Јас јавно побарав да се достави претставка до ДПИ, но и доколку станува збор за избор во звање, ДПИ ќе постапува. Во однос на вработување на Медицинскиот факултет на специјалисти, МОН нема ингеренции“, изјави Јаневска. Министерката ова го кажа пред обраќањето на настанот во ДСУРЦ „Партенија Зографски“ по повод 23 Септември – Меѓународниот ден на знаковниот јазик. Од МОН појаснуваат дека Државниот просветен инспекторат може да постапи доколку има избор во наставно-научно звање на факултет. „Во случајов се работи за вработување доктор на Институт и немаме ингеренции за постапување. Тука треба да постапи Државниот инспекторат за труд“, велат од Министерството за образование и наука. Случајот стана јавен откако докторот и приватен специјализант Дарко Василевски реагираше за начинот и селекцијата при вработувањата на Медицинскиот факултет. Во знак на револт, тој најави и штрајк со глад, тврдејќи дека бил дискриминиран за вработување поради возраста. Според изнесеното од министерката Јаневска, клучната разлика во овој случај е дали станува збор за вработување или за избор во наставно-научно звање, бидејќи токму од тоа зависи која и