Јамал: Оваа година заслужувам да ја освојам „Златната топка
FinPortal.mk · 14.9.2026 г.
Младиот шпански фудбалер Ламин Јамал отворено изјави дека смета оти оваа сезона заслужува да ја освои „Златната топка“. Иако има само 18 години, ѕвездата на Барселона веќе се гледа себеси на врвот на светскиот фудбал и не крие колку високо ги поставува своите амбиции. Јамал без двоумење го избра Килијан Мбапе како еден од двајцата најдобри фудбалери на планетата, но во исто време јасно стави до знаење дека себеси се гледа пред Французинот кога е во прашање најпрестижната индивидуална награда. „Килијан Мбапе и јас сме двајцата најдобри играчи во светот. Но, оваа година верувам дека јас заслужувам да ја освојам Златната топка“, изјави Јамал. Младиот ас на Барселона веќе има импресивна колекција на трофеи и индивидуални достигнувања, но очигледно не е подготвен да застане тука. Напротив, признава дека очекува уште многу од себе и дека не сака да биде задоволен само со она што досега го постигнал. Посебно се осврна на настапот на репрезентативно ниво и на своето учество на Светското првенство. „За некој друг играч мојот настап на Светското првенство би бил одличен, но за мене не. Сакам да направам повеќе“, порача Јамал. Токму затоа со нетрпение ја очекува следната шанса на Мундијалот. „Навистина сакам следното Светско првенство да дојде што побрзо“, додаде тој. Јамал е свесен дека неговата кариера се развива со неверојатна брзина. Во годините во кои повеќето фудбалери допрва се пробиваат на големата сцена, тој веќе е една од главните ѕвезди на Барселона и на шпанската репрезентација. Според него, тешко е да се најде паралела со најголемите имиња во историјата на фудбалот. „Постојат историски играчи како Меси, Кристијано и Марадона, но мислам дека никогаш претходно немало фудбалер кој освоил толку многу во толку рана возраст“, вели Јамал. Но, токму големиот успех на толку млада возраст може да донесе и опасност од задоволување со постигнатото. Јамал тврди дека кај него нема таков проблем. „Луѓето мислат дека можеби во одреден момент ќе се опуштам затоа што веќе сум освои