Извештајот на „Ромалитико“: Напредок во образованието, но здравството и домувањето заостануваат

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Инклузијата на Ромите во Македонија бележи напредок, но истовремено постојат области во кои се забележува назадување, покажува Извештајот во сенка што го изготви Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ за периодот од март 2025 до март 2026 година. Извештајот, како што беше соопштено, повторува слични препораки какви што содржат и извештаите на Европската комисија во однос на образованието, вработувањето, домувањето и дискриминацијата. Според наодите на „Ромалитико“, најголем напредок е забележан во делот на образованието, и тоа како во спроведувањето на мерките, така и во искористеноста на буџетот. Во овој дел за првпат годинава има медијатори не само во основното, туку и во средното образование. Сепак, транзицијата на запишување од основно во средно образование бележи пад, како и бројот на запишани ученици, што според „Ромалитико“ се должи на трендот на иселување. Од друга страна, институтот бележи дека во одредени сектори средствата не се искористени како што треба, како во здравството и во домувањето. „Во рамки на домувањето сеуште министерството за транспорт ги нема потрошено парите дадени во делот на инфраструктура во ромски населби. Во делот на здравство, за жал, сме во регрес. Финансиската неискористеност не е нешто ново. И претходно кога сме ги анализирале состојбите покажуваат дека до крајот на годината се пробува да се искористи максимумот, односно да се спроведат повеќе мерки. Во Министерството за транспорт имаме нула искористеност затоа што подоцна го објавија повикот“, изјави Суад Скендери од „Ромалитико“. Скендери посочи дека јазот меѓу жената Ромка и останатите жени се забележува и во најновиот извештај и дека тоа не е нешто ново, затоа што „Ромалитико“ го бележи и во претходните седум извештаи. Според неа, периодот што го покрива извештајот, од март 2025 до март 2026 година, покажува дека институционалната координација е главен причинител зошто буџетската искористеност е на толку ниско ниво. Според „Ромалитико“, она кон што треба

Извештајот на „Ромалитико“: Напредок во образованието, но здравството и домувањето заостануваат | FinPortal.mk

Инклузијата на Ромите во Македонија бележи напредок, но истовремено постојат области во кои се забележува назадување, покажува Извештајот во сенка што го изготв