ИЗИР: Македонија има минерални ресурси, но им треба стратегија наместо политички препукувања
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Додека европските држави вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и во откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Од Институтот за економски истражувања и развој (ИЗИР) оценуваат дека земјата не смее да ја пропушти можноста минералните ресурси да ги разгледува како дел од својата долгорочна развојна политика, пренесуваат од организацијата. Како илустрација за поинаквиот пристап, од ИЗИР го наведуваат примерот на Шпанија, која вложува 197 милиони евра во геолошки истражувања. Тој пример, според нив, покажува дека минералните ресурси сè повеќе се препознаваат како стратешки потенцијал за економски развој, индустриска конкурентност и поголема сигурност во снабдувањето со суровини. Оттаму заклучуваат дека геолошките истражувања не се само техничка активност, туку дел од долгорочната економска и развојна стратегија на државата. Од ИЗИР потсетуваат дека за да се планира развојот на рударството, потребни се квалитетни податоци за ресурсите, стручна процена на нивниот потенцијал, јасни правила и институционален пристап што овозможува одлуките да се носат врз основа на факти. Нивната порака е дека Македонија не смее да остане само набљудувач на овие процеси, бидејќи земјата располага со минерални ресурси и проекти што отвораат прашања за нивната економска оправданост, иднина и можен придонес кон развојот. Како еден од најзначајните примери во оваа дебата од ИЗИР го издвојуваат Иловица, но истовремено го наведуваат и како пример како значајни рударски инвестиции можат со години да останат без конечна разврска. Според нив, развојот на рударството не смее да биде тема што се сведува на дневнополитички преписки, меѓусебни обвинувања и политички пораки, туку сложено економско, техничко и општествено прашање што бара стручна, аргументирана и инклузивна дебата. Во таа дебата, сметаат од ИЗИР, треба да учествуваат геолози, рударски и еколошки експерти, економисти, институции, локалните за