Ивановски: Изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка напредува со засилено темпо, реализирани 40 отсто од проектот
FinPortal.mk · 18.9.2026 г.
Изградбата на железничката пруга кон Бугарија, на делницата од Бељаковце кон Крива Паланка, бележи засилени градежни активности, соопшти директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, преку објава на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Според него, станува збор за делница во должина од 34 километри, на која во моментот интензивно се работи на најдолгиот мост, означен како мост број 7, со должина од 194 метри. Ивановски прецизира дека мостот број 7 е еден од трите мостови кои сè уште не се изградени, од вкупно 29 мостови предвидени на оваа траса. Паралелно со градежните работи на терен, се произведуваат и бетонските елементи неопходни за санација на 26-те полуизградени мостови кои датираат уште од 1990-тите години. Според податоците што ги изнесе директорот на МЖ Инфраструктура, вкупно треба да се произведат 352 бетонски елементи, а до овој момент се произведени 71 елемент, со неделна динамика од десет елементи. „Бележиме засилени градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија, делница од Бељаковце кон Крива Паланка. Оваа делница е во должина од 34 километри. Во моментов засилено се гради најдолгиот мост број 7, во должина од 194 метри, еден од трите неизградени мостови, од вкупно 29 мостови“, напиша Ивановски во својата објава. Тој дополнително појасни дека вкупниот прогрес на проектот изнесува околу 40 отсто, а проекцијата е до крајот на оваа година да се стигне до 50 отсто реализација на проектот. „Парелелно се произведуваат бетонските елементи потребни за санација на 26-те полуизградени мостови од 1990-тите. Вкупно треба да се произведат 352 бетонски елементи, а до моментов се произведени 71, со динамика од 10 неделно. Вкупен прогрес на проектот е околу 40 отсто. Проекцијата до крајот на оваа година да се стигне до 50 отсто реализација на проектот. Продолжуваме со засилено темпо до конечна реализација на овој капитален инфраструктурен проект“, додаде директорот на МЖ Инфраструктура. Според изнесените информации, активностите на терен опфаќа