Иванов ја отвори 17-та Школа за млади лидери во Охрид: нов прагматизам за новиот свет
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Со обраќање на основачот, претседателот Ѓорге Иванов, вчера започна 17-тата Школа за млади лидери, која годинава се одржува под темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам.“ Програмата се реализира од 26 октомври до 7 ноември 2026 година во комбиниран формат — онлајн сесиите траат од 26 до 29 октомври, а програмата со физичко присуство се одвива од 31 октомври до 7 ноември во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид. По воведното обраќање на Иванов, пред учесниците се обратија Берти Ахерн, поранешен премиер на Ирска во периодот од 1997 до 2008 година и еден од главните архитекти на Договорот од Велики петок од 1998 година, како и Рик Хатавеј, коосновач на Global Learning Lab International. Модератор на настанот беше Иван Иванов од Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“. Во своето воведно обраќање, претседателот Иванов ја разработи годинашната тема, осврнувајќи се на промените во современиот свет и на одговорноста на младите да учествуваат во нивното обликување. Тој го истакна концептот на „креативно малцинство“ како двигател на цивилизациските промени — луѓе кои размислуваат самостојно, преземаат иницијатива и создаваат решенија, наместо да очекуваат тие да дојдат од другите. Говорејќи за новиот прагматизам, Иванов се осврна на искуството на Сингапур, истакнувајќи ги меритократијата, прагматизмот и чесноста како принципи на неговиот развој. Тој ја нагласи потребата знаењето и идеите да се поврзат со практична мудрост, разбирање на контекстот и способност да се одговори на реалните предизвици, при што чесноста останува основа на одговорното лидерство. Посебно внимание во обраќањето Иванов посвети на „когнитивниот суверенитет“ — зачувувањето на самостојноста на сопственото мислење во услови на дигитална преоптовареност и надворешни влијанија. Тој ги поттикна учесниците да одвојуваат време за дигитален детокс, читање книги и саморефлексија, развивајќи ја способноста критички да ги преиспитуваат информациите и да донесуваат сопствени, промислени одлуки. Осврнувај