Ива Михаилова: Како еден случај се претвори во Тројански коњ на македонската јавност

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Случајот со Ива М. Михаилова, која е родена како Македонка, а сега е осознаена како Бугарка, предизвика вистинска бура во македонската јавност. Како што се наведува, по сите криминали на нејзиниот татко и интелектуалната инфантилност што и се гледа од очите, таа случајно стана кочанчанка која ја окупира македонската јавност. Се поставува прашањето зошто мораме како граѓани да бидеме омаловажувани од она што се нарекува квазислучај. Новинарите се налепија на темата, па секој ден, во секои вести, на секој портал или информативен блок, се зборува за Ива Михаилова. Неспорно е дека во Македонија и се суди. Таа учествувала во сообраќајна незгода со смртни последици. Никој друг освен надлежниот суд не може да ја осуди или ослободи од одговорност. Во сообраќајната незгода и самата била повредена, се лекувала и се лекува во домицилната земја, каде што помеѓу другото, во судска постапка и се изречени мерки на претпазливост. Станува збор за одземени патни исправи, забрана да ја напушти Република Македонија со лична карта, обврска да се јавува во судот, како и конзилијарно мислење дека нема потреба од лекување во странство, односно дека повредите кои ги здобила во незгодата и одразот на здравјето можат да се лекуваат во Македонија. Но, ете ја снема. Одеднаш се појави во Бугарија и никој овде не знае како отиде таму. Ја пречекаа со помпи, а и тие не знаат како им дошла. Дали сме будали или не сме, но факт е дека како граѓани дозволуваме некои овде и некои таму да си играат со нашата интелигенција. Тоа е нешто опипливо. Па имаме ли ние интегритет како судии, обвинители, политичари, полицајци и сите други кои ја чинат државната апаратура и властите кои ги претставуваат, колнејќи се во правна држава. Немаме и нема да имаме сè додека си играме држава. Затоа ни се случува Ива Михаилова, затоа ликуваат Бугарите, кои ете не знаат како таа одеднаш се појави таму. Патем, таа не отиде таму да се лечи, туку да се рехабилитира од повредите кои ги здобила во сообраќајната незгода, бидејќи не

Ива Михаилова: Како еден случај се претвори во Тројански коњ на македонската јавност | FinPortal.mk

Случајот со Ива М. Михаилова, која е родена како Македонка, а сега е осознаена како Бугарка, предизвика вистинска бура во македонската јавност. Како што се наве