Истекува рокот за грантот од 500.000 евра за санирање на депонијата во Јегуновце, Еко-свест бара итен потпис од министерот Хоџа

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Грант од 500.000 евра наменет за санирање на пречистителната станица на Југохром и за почетни активности за расчистување на депонијата со шествалентен хром во Јегуновце може да пропадне доколку не се достави потребната документација до француската компанија која сака да работи на овој проект. Од граѓанската организација Еко-свест денеска алармираа дека деновиве истекува рокот за грант средствата, по што постои опасност тие да бидат изгубени, јави Мета. Според организацијата, по актуелизирањето на ризикот од токсичната депонија со шествалентен хром во Јегуновце да го загади изворот за вода Рашче, Владата одлучила да преземе мерки за спречување на загадувањето. Во моментов постои донатор кој може преку грант да го финансира првиот чекор, односно санирање на пречистителната станица и подготвителни активности за расчистување на депонијата со шествалентен хром. Но, за да се отвори можноста за финансии, потребно е министерот да ја достави потребната документација. „Рокот е краток, а Еко-свест бара министерот итно да ги достави потребните документи за да не се испушти можноста за финансирање на овој проект. Ова е прв чекор кон трајно решавање на проблемот“, велат од организацијата. Екологистите предупредуваат дека доколку рокот не се испочитува, нема да има финансиска помош, а со тоа ризикот од понатамошно загадување останува. Решенијата за депонијата со шествалентен хром беа понудени преку Студијата изработена од ГИМ за изнаоѓање на трајно решение за оваа жешка индустриска точка во земјава. Според податоците, подземните води во околината на депонијата на Југохром се загадени и до 100.000 пати повеќе од дозволените вредности на шествалентен хром, а над 7.300 тони од овој исклучително канцероген отпад кои се складирани на само еден километар од селото Јегуновце, се закануваат трајно да го загадат изворот Рашче и да го остават Скопје без чиста вода за пиење. Индустрискиот отпад, фрлан со децении на површина од 7,5 хектари, е растворлив во вода, но и покрај тоа се уште стои н

Истекува рокот за грантот од 500.000 евра за санирање на депонијата во Јегуновце, Еко-свест бара итен потпис од министерот Хоџа | FinPortal.mk

Грант од 500.000 евра наменет за санирање на пречистителната станица на Југохром и за почетни активности за расчистување на депонијата со шествалентен хром во Ј