Исмаил: Предлогот на СДС за 600 евра минимална плата е субвенционирање на газдите со народни пари
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, реагираше на обидите на СДС да ја претстават Левица како противник на зголемувањето на минималната плата од 600 евра, нагласувајќи дека суштината на предлогот е целосно поинаква од она што СДС се обидува да го прикаже во јавноста. Според Исмаил, предлогот не ги задолжува компаниите да ја исплатат определената сума, туку предвидува таа да се финансира од Буџетот, односно од народни пари, со што всушност се субвенционираат платите на работодавачите. „Како пратеник од Левица, јас бев во сала, но свесно не гласав. Не гласав од проста причина што предлогот не ги задолжува компаниите да ја исплатат определената сума од 600 евра минимална плата, туку од Буџет, од народни пари, да им се финансираат платите на газдите“, посочи Исмаил. Тој објасни дека неговата одлука да не гласа не значи противење на повисоки плати за работниците, туку несогласување со моделот според кој државата го презема товарот што треба да го понесат работодавачите. Според Исмаил, политиката на СДС повторно се сведува на тоа државата да го презема товарот што треба да го понесат работодавачите, додека профитот останува приватен. Тој праша каква е логиката државата да им го плаќа работникот на газдите, а тие потоа со туѓи пари да ги млатат работниците по осум до десет саати за свој џеб. Со тоа, според него, се создава ситуација во која приватниот капитал добива директна финансиска поддршка од јавните средства, наместо зголемувањето на платите да биде обврска на компаниите. Исмаил посочи дека СДС, наместо да ја критикува Левица, треба да објасни зошто предлага јавни средства да се користат за субвенционирање на приватниот капитал. Тој ја истакна и контрадикторноста во политиката на СДС, која се претставува како социјалдемократска, а предлага модел во кој државата со народни пари го субвенционира работодавачот. „Вас, господа од СДС заевистичка, читај олигархиска, изгледа не ви доаѓа памет никако?! За вашата идеолошка истрошеност, паушалност и кр