Ирска бара од УЕФА да не биде во иста група со Израел по тензиите во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Република Ирска официјално побара од Европската фудбалска унија (УЕФА) во иднина да не биде ставана во иста група со Израел, откако двата меѓусебни натпревари во Лигата на нации се одвиваа во исклучително напната атмосфера проследена со сериозни обвинувања меѓу двата табора. Селекторот на Ирска, Хеимир Халгримсон, по нерешениот резултат од 1–1 во Бачка Топола, изрази силна загриженост за она што тимот го преживеал во изминатите две недели и порача дека можеби ќе треба УЕФА да интервенира.
Според информациите објавени по натпреварот, Демиен Дојл, член на ирскиот стручен штаб, го обвинил израелскиот играч дека плукнал кон него за време на инцидент на полувремето. Овој настан дополнително ја вжешти атмосферата околу дуелот, кој и онака се играше под голем притисок поради политичкиот контекст што го опкружува соочувањето на двете репрезентации.
Халгримсон одби директно да коментира за можни дисциплински постапки по натпреварот, но не го криеше незадоволството од целокупната ситуација. „Не би посакал ниту една репрезентација да го доживее она што ние го преживеавме во изминатите две недели. Можеби ќе треба УЕФА да интервенира“, изјави селекторот на Република Ирска, додавајќи дека веќе претходно побарал од европската куќа на фудбалот во иднина да избегнува ставање на Ирска и Израел во иста група.
По двата меѓусебни дуели во рок од само неколку дена, Халгримсон смета дека ситуацијата станала премногу оптоварена со тензии и политички контекст, што според него го надминува чисто спортскиот карактер на натпреварувањето. Неговиот апел до УЕФА доаѓа во момент кога европската фудбалска федерација веќе е запознаена со околностите околу натпреварот и со обвинувањата што произлегоа од него.
Доколку УЕФА го прифати барањето, ова би можело да биде прв случај тимовите да бидат раздвоени откако веќе е започнат првичниот процес на ждрепка. Досега е утврдено дека одредени парови не можат да бидат во иста група, како Босна и Херцеговина со Косово, Косово со Србија, Ерменија со Азербејџан и Шпанија со Гибралтар, но сите тие одлуки беа донесени пред почетокот на натпреварувачкиот циклус, а не непосредно пред самата ждрепка.
Токму затоа случајот со Ирска и Израел би претставувал нов преседан во практиката на УЕФА, бидејќи ограничувањето би се вовело во моментот кога ждрепката веќе е во тек. Европската фудбалска унија засега не објавила официјален став за барањето на ирската страна, но останува да се види дали ќе биде донесена одлука што ќе ги раздвои двата тима во идните натпреварувачки циклуси.
Инцидентот на полувремето и обвинувањата за плукање кон член на стручниот штаб дополнително ја истакнаа сериозноста на состојбата, која го засени саамиот резултат од натпреварот одигран во Бачка Топола. Иако дуелот заврши нерешено 1–1, вниманието на јавноста по неговото завршување беше целосно насочено кон тензиите меѓу двата тима, а не кон фудбалската содржина на средбата.
Од ирската репрезентација сметаат дека ваквата состојба не смее да се повтори и дека е неопходно УЕФА да преземе конкретни чекори за да се избегне идно вкрстување на овие две селекции во иста група. Барањето на Халгримсон сега е на масата на европската фудбалска федерација, која треба да одлучи дали ќе го прифати и дали ќе го примени принципот на раздвојување и во случајот на Ирска и Израел.