Ирански хакери со едноставен трик ги „запалија“ замрзнувачите во француските супермаркети

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Франција официјално го припиша хакерскиот напад врз замрзнувачите во супермаркетите на група хакери кои дејствуваат под команда на Исламската револуционерна гарда, клучна гранка на иранскиот воен апарат. Нападот предизвика хаос во продажните синџири, а дел од фрижидерите биле загреани до толкава висока температура што се запалиле, пренесува The Guardian. По хакерскиот удар, вработените во супермаркетите фрлале купишта расипано месо и стопен сладолед во контејнери за отпад. Францускиот министер за надворешни работи нападот го опиша како чин со „невидено ниво и невидена агресија“ и вети дека ќе бидат воведени санкции на ниво на цела Европа против одговорните. Според Рафе Пилинг, висок директор во компанијата за сајбер-безбедност Sophos, нападот не бил особено софистициран, бидејќи хакерите користеле стандардни, фабрички лозинки за пристап до контролите на фрижидерите. Тоа, според него, е во согласност со иранските капацитети. Пилинг додаде дека постои претпоставка оти француските напади и бранот слични хакерски одмрзнувања низ Европа минатата недела се поврзани. Нападот врз француските супермаркети доаѓа по слични инциденти: хакерски напад врз индустриските замрзнувачи во израелска фабрика за храна во мај, како и низа дефекти на замрзнувачите што го расипаа храната во американските воени бази во август, а кои сега се третираат како сомнителен хакерски напад. Тие напади не беа официјално припишани на Иран, но француската објава е прва што ја вмеша државата во ваков тип напад. Според Пилинг, Иран генерално користи сајбер-напади за да проектира моќ на меѓународен план и да ја изрази својата политичка неподготвеност кон регионалните и светските противници. Хакерските напади врз фрижидерите дојдоа во момент кога британскиот национален центар за сајбер-безбедност предупреди дека земјата е во „подножјето“ на ново ниво на сајбер-закана и треба да очекува „огромен пораст“ на бројот на инциденти. Главна грижа е вештачката интелигенција, технологија која сега е способна да откри

Ирански хакери со едноставен трик ги „запалија“ замрзнувачите во француските супермаркети | FinPortal.mk

Франција официјално го припиша хакерскиот напад врз замрзнувачите во супермаркетите на група хакери кои дејствуваат под команда на Исламската револуционерна гар