Инвестиција од три милиони евра за спортски услови во 30 училишта низ Македонија

FinPortal.mk · 16.9.2026 г.

Основното училиште „Панајот Гиновски“ во општина Бутел е едно од 30 основни и средни училишта во Македонија што добиваат подобри услови за настава по физичко и здравствено образование и за спортски тренинзи. Ова е резултат на проектот за рехабилитација на објекти за физичко образование и набавка на спортска опрема, кој е кофинансиран од Министерството за образование и наука, Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и Развојната банка на Советот на Европа (CEB). Вкупната вредност на проектот изнесува три милиони евра, наменети за унапредување на училишната спортска инфраструктура. Резултатите од проектот беа претставени на настанот „УЧИ, ИГРАЈ, РАСТИ“, на кој присуствуваа претставници на институциите и меѓународните партнери. Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, истакна дека партнерските организации искрено ја поддржуваат државата на патот кон европска интеграција и помагаат да се унапредат условите во училиштата. „Тоа многу ни значи. На образованието даваме висок приоритет бидејќи е еден од темелите на развојот на секое општество и најважната инвестиција во иднината на една држава. А тој темел има повеќе компоненти. Една од нив е образовната инфраструктура. Училиштето треба да биде место во кое учениците со задоволство доаѓаат, место каде се чувствуваат сигурно, прифатено и мотивирано да учат, да се развиваат и да го достигнат својот целосен потенцијал“, рече Јаневска. Покрај инвестициите во спортските училишни капацитети, министерката Јаневска нагласи дека во изминатите две години Владата реализирала или е во фаза на реализација уште 90 проекти во образовната инфраструктура во многу општини. „Имаме уште многу работа. Не смееме да го заборавиме ниту едно училиште и ниту една локална заедница. Ќе продолжиме да делуваме чекор по чекор, со поддршка од партнерите и со јасна цел – секое дете да има квалитетни и достоинствени услови за образование“, посочи министерката Јаневска. На настанот се обрати и евроамбасадорот Михалис Рокас, како и а

Инвестиција од три милиони евра за спортски услови во 30 училишта низ Македонија | FinPortal.mk

Основното училиште „Панајот Гиновски“ во општина Бутел е едно од 30 основни и средни училишта во Македонија што добиваат подобри услови за настава по физичко и