Инспекциските контроли во производството на сладолед и мраз открија бројни неправилности и изречени казни од над 19 илјади евра
FinPortal.mk · 25.9.2026 г.
Вонредните инспекциски контроли во објектите каде што се произведуваат сладолед и мраз открија низа неправилности, меѓу кои нерегистрирани оператори со храна, недостиг на лабораториски анализи и несоодветно означување на производите, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство. Инспекциските служби на Агенцијата во периодот од почетокот на јули до крајот на август извршиле вкупно 560 надзори кај производители и угостителски објекти кои самостојно произведуваат и ставаат во промет сладолед и мраз за сопствени потреби. При контролите биле издадени 140 решенија поради утврдени неусогласености, а изречени се и 45 парични казни во вкупна вредност од 19.430 евра во денарска противвредност. Како небезбедни биле уништени 202 литри или килограми сладолед и мраз, што претставува директен резултат од утврдените пропусти во безбедноста на храната. Инспекторите утврдиле дека 17 оператори не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство. Дополнително, кај 64 оператори не биле направени потребните анализи на сладоледот и мразот, додека кај 20 биле констатирани недостатоци во означувањето на производите. Тројца оператори, пак, набавувале мраз од нерегистриран добавувач, што дополнително ја загрозува следливоста на производите. Контролите покажале и пропусти поврзани со здравствената безбедност на вработените. Кај 10 оператори биле затекнати лица кои немале извршено задолжителни здравствени прегледи, што е основен предуслов за работа со храна. Несоодветни хигиенски и технички услови биле утврдени во пет објекти, додека 19 оператори немале воспоставено процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, како и процедури за чистење на ледоматите. Кај четири оператори немало записи за следливост на производите, а кај еден биле утврдени пропусти во спроведувањето на задолжителните мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Од Агенцијата за храна и ветеринарство посочуваат дека контролите се спроведени согласно одредбите од Законот