FinPortal.mk

Иницијативата „И Здравје и Работа“: Одлуките за рударството да се носат врз основа на наука, а не на дневна политика

Автор: Редакција на FinPortal.mk  · 
Иницијативата „И Здравје и Работа“: Одлуките за рударството да се носат врз основа на наука, а не на дневна политика

Иницијативата „И Здравје и Работа“ предупредува дека минералниот потенцијал на Македонија не смее да биде заложник на политичките интереси и дека одлуките за рударството треба да се носат врз основа на науката, стручните анализи и јавниот интерес, а не врз основа на дневнополитички пресметки. Според иницијативата, политичкото собирање поени со категорично противење на отворањето рудници може да ги загрози развојните можности на државата и економските перспективи на граѓаните.

Од иницијативата посочуваат дека искористувањето на минералниот потенцијал на Македонија не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки, туку прашање што ќе се разгледува врз основа на научни истражувања, стручни анализи и објективна проценка на придобивките и ризиците. Тие предупредуваат дека кога дебатата за рударството се сведува на политички пароли и категорично отфрлање на нови инвестиции, без сериозно разгледување на фактите, државата ризикува да се откаже од развојни можности, а граѓаните од потенцијални работни места и економски перспективи.

„Природните ресурси не смеат да бидат заложници на политички интереси. За нивното искористување треба да одлучуваат фактите, науката и стручноста, а не политичките пораки со кои се собираат дневнополитички поени. Категоричното противење на рударството, без објективна анализа на конкретните проекти, може да биде на штета на граѓаните и на долгорочните економски интереси на државата“, е пораката на иницијативата.

Според иницијативата, прашањето не треба да биде дали Македонија треба однапред да ги отфрли рударските проекти, туку под кои услови тие можат да се развиваат одговорно, во согласност со законите, највисоките применливи еколошки стандарди и интересите на локалните заедници. Тие нагласуваат дека тоа не значи дека секој рударски проект треба автоматски да добие одобрение, туку напротив — секој проект мора да биде предмет на темелна стручна и законска проверка, со проценка на влијанието врз водите, почвата, земјоделството, биодиверзитетот и здравјето на луѓето.

Од иницијативата додаваат дека ризиците мора да се утврдат и да се предвидат соодветни мерки за заштита, а одлуките да се носат врз основа на релевантни докази. Но, исто така, според нив, не е во интерес на државата развојот на цела индустриска гранка да се отфрла преку генерализирани тврдења и политичка мобилизација.

Иницијативата потсетува дека рударството е дел од индустриската основа на многу економии, а минералните суровини се важни за енергетиката, инфраструктурата, производството и современите технологии. Во услови на растечка потреба од бакар и други суровини, Македонија треба сериозно да го анализира сопствениот потенцијал и можностите за негово одговорно искористување.

Според пораката на иницијативата, одлуките за рударството треба да се носат врз основа на науката, стручните анализи и јавниот интерес, а не врз основа на политички пораки. Тие сметаат дека категоричното противење на рударските проекти, без објективна анализа на конкретните проекти, може да биде на штета на граѓаните и на долгорочните економски интереси на државата.

Иницијативата „И Здравје и Работа“ заклучува дека минералниот потенцијал на Македонија претставува развојна можност која бара одговорен пристап, заснован на факти, стручност и заштита на јавниот интерес, наместо на дневнополитички пресметки.