Инфлацијата повторно ги надмина платите — куповната моќ на Американците под притисок
FinPortal.mk · 12.9.2026 г.
Инфлацијата во САД повторно расте побрзо од платите, со што куповната моќ на работниците дополнително се намалува. Според податоците на Бирото за статистика на трудот објавени во петокот, потрошувачките цени во август пораснаа 3,4 отсто на годишно ниво, додека просечната часовна заработка се зголеми само 3,1 отсто во истиот период. Реалната просечна часовна заработка, прилагодена за инфлацијата, падна 0,1 отсто во однос на јули и беше пониска 0,3 отсто од пред една година. „Значителен број Американци се во полоша положба, нивните приходи не ги следат зголемувањата на цените во моментов“, изјави Хедер Лонг, главен економист во Navy Federal Credit Union, за CNBC. Таа оцени дека основниот проблем е тоа што инфлацијата ги брише добивките од платите. Според неа, април годинава бил јасна пресвртница по подолг период кога растот на платите главно ја надминуваше инфлацијата. Од мај 2023 година до околу април годинава, работниците полека ја враќаа изгубената позиција, но тој напредок почнал да се менува оваа пролет кога скокнаа трошоците за енергија. Енергијата останува главен извор на притисок. Цените на бензинот во август пораснаа 3,9 отсто, што претставува повеќе од една третина од растот на индексот на потрошувачките цени. Дизелот во петокот достигна 6 долари за галон за првпат, поради нарушувања во снабдувањето со гориво предизвикани од војните во Иран и Украина. Лонг го поврзува влошувањето на финансиите на домаќинствата со скокот на цените на енергијата по почетокот на војната во Иран. Navy Federal претходно процени дека цените на бензинот скокнаа 21 отсто во март, што придонесе трошоците за поседување автомобил да достигнат рекордно ниво. Лонг смета дека е тешко да се очекува значителен пад на инфлацијата додека траат геополитичките притисоци, особено кога растот на платите забавува. „Ќе биде тешко подолго време“, рече таа. Најдобриот можен исход, според неа, е растот на платите и инфлацијата повторно да се приближат околу почетокот на 2027 година. „Но тоа сепак ќе с