Илјада нови случаи на рак на дојката лани, „Хема Онко“ бара безбедна и навремена терапија при децентрализацијата

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Околу илјада нови случаи на рак на дојката биле дијагностицирани минатата година во Македонија, додека на Клиниката за радиотерапија и онкологија во моментов на активен третман се наоѓаат приближно седум илјади пациенти. Овие податоци беа изнесени во рамките на одбележувањето на Розовиот месец, посветен на подигање на свеста за оваа болест, а повод за нивното соопштување беше и апелот на здружението „Хема Онко“ за обезбедување безбедна и навремена терапија за сите пациенти. Според институционалната статистика презентирана од страна на Игор Стојковски, минатата година била завршена со 5.300 нови пациенти од различни локализации. Тој посочи дека бројот на новорегистрирани случаи во принцип расте, односно дека годишно се регистрираат по 200 до 300 пациенти повеќе. Кога станува збор за преваленцата, односно за пациентите што барем еднаш се јавуваат на Клиниката во текот на една календарска година, Стојковски нагласи дека станува збор за бројка од речиси 20.000 на годишно ниво. Стојковски информираше и дека се работи на децентрализација на услугите, при што дел од нив веќе се обезбедуваат во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Како цел на овој процес тој ја наведе и намерата онколози од Скопје да бидат ангажирани и во Клиничката болница во Битола, со што терапијата би им била достапна на пациентите и надвор од главниот град. Во однос на децентрализацијата, Ана Марјановиќ од здружението „Хема Онко“ изјави дека како здружение инсистирале процесот да се спроведе на начин на кој пациентите, пред сè, ќе имаат безбедна терапија и услови да ја примаат редовно, навреме и во достоинствена атмосфера. Таа нагласи дека не е поентата само да се прима терапијата, туку навистина да се обезбеди дека секој пациент што нема да биде на Клиниката за онкологија, ќе ја прима безбедно оваа терапија. Марјановиќ додаде дека како пациенти најмногу го знаат притисокот врз Клиниката за онкологија, кој, како што рече, е присутен и поради недостигот на персонал што институцијата се обиду

Илјада нови случаи на рак на дојката лани, „Хема Онко“ бара безбедна и навремена терапија при децентрализацијата | FinPortal.mk

Околу илјада нови случаи на рак на дојката биле дијагностицирани минатата година во Македонија, додека на Клиниката за радиотерапија и онкологија во моментов на