И Здравје и Работа“: Одлуките за рударството не смеат да се носат под закани и политички притисоци
FinPortal.mk · 27.9.2026 г.
Граѓанската иницијатива „И Здравје и Работа“ предупредува дека стратешките одлуки за економскиот развој на Македонија не смеат да се носат под притисок на закани, навреди или политички игри. Според иницијативата, во време кога бакарот и другите критични минерали добиваат сè поголемо стратешко значење, прашањето повеќе не е дали државата треба да има развој, туку како тој развој да се обезбеди одговорно, одржливо и во интерес на граѓаните. Од „И Здравје и Работа“ нагласуваат дека рударството може да биде еден од столбовите на идниот економски развој на Македонија. Сепак, тие сметаат дека јавната дебата е демократско право кое мора да се води со аргументи, факти и стручни анализи, а не со притисок врз експерти и институции. Затоа, како што велат, одлуките за стратешките проекти и економскиот развој на државата не смеат да бидат донесени под влијание на закани или политички игри. Иницијативата потсетува дека Нацрт-просторниот план е стратешки документ кој ги утврдува насоките за идниот просторен развој и ги идентификува потенцијалите и развојните можности. Од „И Здравје и Работа“ објаснуваат дека самото внесување на одредена локација во планот не претставува автоматска дозвола за отворање рудник, туку секој конкретен проект подлежи на дополнителни процедури, дозволи и законски услови. Токму затоа, според нив, е загрижувачки кога наместо аргументирана расправа за тоа како може да се реализира еден проект со највисоки стандарди за заштита на животната средина, се прибегнува кон навреди и закани кон луѓето кои ги претставуваат институциите и стручната работа. Како конкретен пример, од иницијативата посочуваат дека на јавната расправа во Струмица биле регистрирани токму такви инциденти, што, како што оценуваат, не придонесува за сериозна дискусија за иднината на земјата. Според „И Здравје и Работа“, ваквите случувања ја поткопуваат можноста за квалитетна дебата заснована на факти и стручни анализи. Од иницијативата нагласуваат дека во 21 век развојот и заштитата на животна