Хуманитарна акција на ТАВ: 170 пакети со храна за бездомниците во Момин Поток
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Во пресрет на Светскиот ден на бездомништвото, кој секоја година се одбележува на 10 октомври, вработените од ТАВ Македонија и ТАВ Аеродроми се обединија околу заедничка хуманитарна мисија и подготвија 170 пакети со храна наменети за корисниците на Пунктот за бездомници Момин Поток, соопшти аеродромскиот оператор. Акцијата е реализирана преку хуманитарната иницијатива на ТАВ Македонија „ТАВ Готви“, како и во рамките на корпоративната волонтерска програма на ТАВ Аеродроми наречена „Hope On Board“. Пунктот за бездомници Момин Поток го управува Црвен крст на Република Северна Македонија – Црвен крст на Град Скопје, а пакетите со храна беа подготвени токму за неговите корисници. Според соопштението, иницијативата ја одразува посветеноста на аеродромскиот оператор за поддршка на ранливите категории граѓани преку значајни волонтерски активности и поттикнување општествена солидарност. Активноста ги обедини колегите од ТАВ Аеродроми со заедничка цел – да обезбедат практична поддршка и солидарност за лицата кои се соочуваат со тешки животни околности. Покрај подготовката на пакетите со храна, волонтерите го вложија своето време, грижа и човечност, покажувајќи како заедничкото дејствување може да направи позитивна промена во животите на другите. Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, ја истакна важноста на ваквите активности за компанијата. „Како аеродромски оператор, нашата улога не е само да поврзуваме дестинации. Подеднакво сме посветени и на придонесот кон благосостојбата на заедниците на кои им служиме. Преку ‚ТАВ Готви‘ и во рамките на корпоративната волонтерска програма на ТАВ Аеродроми ‚Hope On Board‘, испраќаме порака дека солидарноста, сочувството и грижата можат да помогнат во подобрување на животите и зајакнување на заедниците. Горди сме што повторно соработуваме со Црвениот крст и ги поддржуваме корисниците на Пунктот за бездомни лица ‚Момин Поток‘. Оваа иницијатива покажува дека кога луѓето се обединуваат околу заедничка цел, дури и малите дела можа