Хуманата комуникација е клуч за менталното здравје и превенција на врсничкото насилство, покажува истражување на ИСППИ
FinPortal.mk · 2.10.2026 г.
Хуманата комуникација е најважен концепт за менталното здравје и за превенирање на врсничкото насилство, покажуваат првичните наоди од научноистражувачкиот проект „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“ на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) – Скопје. Според истражувањето, ако доволно се развива и поттикнува хуманата комуникација кај децата, ќе се постигне ментално здравје, бидејќи таа значи психолошка отпорност и резилентност на стрес. Станува збор за здрава психолошка особина која овозможува справување со предизвиците, а кај децата е важна како превенција на врсничкото насилство. Проектот се фокусира на компонентите на хуманата комуникација и факторите што влијаат врз нејзиното развивање, како и можностите за нејзина примена и унапредување, особено кај децата на возраст од 11 до 14 години. Тој е сè уште во фаза на реализација, а денеска беа претставени првичните наоди од истражувањето. Раководителката на проектот, проф. д-р Елеонора Серафимовска, истакна дека хуманата комуникација е комплексен поим во кој централно место има емпатијата, но опфаќа и почит и самопочит, решавање конфликти, помагање, општествена одговорност и креативна комуникација. Сето тоа, според неа, е предуслов за квалитетни меѓучовечки односи, социјална кохезија и општа благосостојба. Во истражувањето биле опфатени 657 ученици од шесто до деветто одделение, пред сè од општините во Скопје, а понатаму проектот ќе се прошири и во други општини. Во рамки на проектот 175 ученици биле обучувани преку работилници за хумана комуникација. Обучени биле и 27 училишни психолози за работа со деца, а биле организирани и 10 фокус групи – пет со родители и пет со наставници, за и тие да дадат предлози како да се развие хуманата комуникација. Бил изработен инструмент којшто, според Серафимовска, прилично би можел да ја мери хуманата комуникација, а од проектот ќе има и прирачник со работилници како таа да се развива. Децата опфатени