Хрватска и Црна Гора покажуваат дека соседските спорови не мора да ја блокираат европската иднина

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Додека Европската Унија повторно ги преиспитува своите темели и се враќа на вистинските вредности поради кои европската идеја стана привлечна за многу земји, соседските односи на континентот добиваат ново значење. Во време кога Европа се прашува каде тргнала, клучно е соседите да се држат меѓу себе, бидејќи географијата ги определила да бидат едни покрај други, а невремињата што доаѓаат налагаат да се држат едни со други. Да се биде добар сосед, во контекст на евроинтеграциите, не значи само да се дели географска граница, туку и да се споделува визија во која успехот на оној од другата страна е успех и за вас. На европскиот пат, солидарноста и меѓусебната поддршка не се знак на слабост, туку на висока политичка свест — свесност дека стабилен, просперитетен и интегриран сосед е најдобрата гаранција за сопствената безбедност и развој. Токму тоа го покажуваат последните случувања околу проширувањето на Унијата, каде Брисел веќе ја промовираше Црна Гора како нова потенцијална членка, која треба да ги заокружи преговорите до 2028 година. Во тој контекст, Хрватска испорача осум барања како услов да дозволи дозаокружување на црногорскиот евроинтегративен процес. На прв поглед, некој би рекол дека и Хрватска ѝ го прави истото на Црна Гора што Бугарија и Грција ѝ го прават на Македонија. Но, според анализата, овој пат не е така и не може да се прават споредби. Имено, Хрватска и Црна Гора покажуваат дека и кога меѓу соседите има отворени прашања, тие не мора да бидат пречка за европската иднина на едната земја. Од друга страна, Бугарија и Грција со децении ја туркаат Македонија во спротивна насока, небаре нејзиниот напредок е закана за нивните национални интереси, без оглед што тоа така го претставуваат. Разликата меѓу овие два пристапа не е само во дипломатскиот речник, туку и во конкретните последици за граѓаните. Хрватска остави простор соседот да напредува, да ги зајакнува институциите, да користи европски пари и да се подготвува за членство. Грција и Бугарија ја држат Ма

Хрватска и Црна Гора покажуваат дека соседските спорови не мора да ја блокираат европската иднина | FinPortal.mk

Додека Европската Унија повторно ги преиспитува своите темели и се враќа на вистинските вредности поради кои европската идеја стана привлечна за многу земји, со