Хронологија на апсењето во Кондово: од сомневање за дрога и бегство по автопат, до спорниот момент со одземениот полициски пиштол
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Случајот со двајцата млади луѓе на возраст од 21 и 23 години, кои пред јавноста предизвикаа жестоки реакции поради снимките со тепање при нивното приведување, доби нови, досега необјавени детали за тоа што се случувало пред камерите да почнат да снимаат. Според неофицијалните информации, сè започнало со оперативни сознанија на полициските службеници дека двете лица превезуваат наркотични средства по однапред определена траса, при што за едното од нив МВР веќе имало евиденција во системот. Врз основа на тие сознанија била организирана полициска акција во која учествувале повеќе службеници. Полицајците го следеле возилото пред влезот во Кондово, во близина на железничката пруга, и се обиделе да го запрат. Наместо да постапат по полициската наредба, двете лица исфрлиле кеса од автомобилот и се обиделе да побегнат. Го стартувале возилото и возеле наназад, при што удриле во столб. Во тој момент еден од полициските службеници, кој во меѓувреме е суспендиран и е во фокусот на постапката за утврдување одговорност, го извадил службениот пиштол и со извик „Полиција, застанете!“ се доближил до прозорецот на возилото. Според истата верзија на настаните, едно од момчињата му го истргнало пиштолот од рацете, по што возилото со голема брзина се оддалечило од местото. Ова тврдење засега не е официјално потврдено, а токму начинот на кој оружјето завршило во автомобилот е едно од спорните прашања во случајот. Првичната проценка на полицајците била дека лицата ќе се обидат да побегнат низ Кондово, но возилото се упатило кон автопатот. По него тргнале полициските службеници кои претходно се обиделе да го запрат, додека истовремено била активирана друга полициска екипа која била во заседа. За време на бегството по автопатот, неофицијално, возачот изгубил контрола, удрил во заштитната ограда, по што автомобилот се превртел. Токму по оваа сообраќајна несреќа следувало апсењето на двете лица, а снимките од тој момент, на кои се гледа физичко насилство врз нив, го поттикнаа бран реакции во