Храната и пијалаците во Европа поскапеа за 34 отсто за пет години — Турција со раст од 752 проценти е апсолутен рекордер

FinPortal.mk · 28.9.2026 г.

Цените на храната и безалкохолните пијалаци во Европа во просек се зголемиле за 34 отсто во периодот од август 2021 до август 2026 година, покажуваат податоците на европската статистичка служба Евростат, кои ги анализираше Еуроњуз Бизнис. Анализата опфаќа 35 европски земји и дава јасна слика за тоа колку силно инфлацијата ги погодила основните животни намирници во последните пет години. Највисок раст на цените во рамките на Европската Унија е забележан во Унгарија, каде што храната и безалкохолните пијалаци се поскапени за 57 отсто. По Унгарија следуваат Бугарија со раст од 54 отсто и Романија со 53 отсто. На спротивниот крај од листата во Унијата е Кипар, каде што е евидентиран најнизок раст од 21 отсто. Кога во споредбата се вклучат сите 35 европски земји, најмал раст е забележан во Швајцарија, каде што цените на храната и безалкохолните пијалаци се зголемени за само пет отсто за пет години. Земјите од регионот, според истите податоци, забележале значително повисоки стапки. Во Црна Гора и Србија растот изнесува 48 отсто, додека во Македонија е 46 отсто. Во Хрватска цените се зголемени за 43 отсто, во Словенија за 35 отсто, што е малку над просекот на Европската Унија, а во Албанија растот е 31 отсто. Австрија забележала зголемување од 32 отсто, додека во Италија растот е 30 отсто. Сепак, сите овие бројки бледнеат пред случајот на Турција. Во оваа земја цените на храната и безалкохолните пијалаци се зголемени за дури 752 проценти во последните пет години, што е далеку највисок раст меѓу сите анализирани европски земји. Еуроњуз го поврзува овој екстремен раст со продолжената висока инфлација во Турција, на која дополнително придонесе и острото намалување на вредноста на турската лира. Податоците покажуваат дека поскапувањето на храната и безалкохолните пијалаци е широко распространет феномен низ целиот континент, но со големи разлики од земја до земја. Додека Швајцарија успеа да го задржи растот на само пет отсто, земјите од Централна и Источна Европа, вклучително и

Храната и пијалаците во Европа поскапеа за 34 отсто за пет години — Турција со раст од 752 проценти е апсолутен рекордер | FinPortal.mk

Цените на храната и безалкохолните пијалаци во Европа во просек се зголемиле за 34 отсто во периодот од август 2021 до август 2026 година, покажуваат податоците