Хоџа со турските стопанственици: Зелените инвестиции се основа за одржлив развој

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари средба со претставници на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), на која се разговараше за можностите за соработка во зелената транзиција, поттикнувањето инвестиции во зелени технологии и подобрувањето на деловното окружување. На средбата беше истакнато дека зелената транзиција не е само еколошка обврска, туку и развојна можност за отворање нови инвестиции, зголемување на конкурентноста на компаниите, јакнење на енергетската независност и создавање одржливи работни места. „Турските компании и стопанственици се значаен дел од деловната заедница. Сакаме нивното знаење, искуство и капитал да бидат дел од процесите на модернизација и зелена трансформација на нашата економија. За тоа ни се потребни отворен дијалог, партнерство и предвидливи услови за инвестирање“, истакна Хоџа. Според министерот, целта е да се изгради систем во кој заштитата на животната средина и економскиот развој се надополнуваат и во таа насока изрази подготвеност за разговор за конкретни инвестициски иницијативи. Во фокусот на разговорите беа инвестициите во обновливи извори на енергија, енергетската ефикасност, управувањето со отпадот, рециклирањето, циркуларната економија и развојот на зелени технологии. Посебно внимание беше посветено на можностите за вклучување на приватниот сектор во реализацијата на националните и европските цели за климатска акција и заштита на животната средина. Соговорниците ја истакнаа важноста од продолжување на дијалогот меѓу институциите и бизнис-заедницата, како и од организирање заеднички активности и деловни форуми посветени на зелената економија. Средбата се вклопува во пошироките напори на министерството за приближување на приватниот сектор кон процесите на зелената транзиција, при што се нагласува дека партнерството со стопанските комори е од клучно значење за практична примена на политиките за одржлив развој. Од министерството посочуваат дека ваквиот дијалог треба да резу

Хоџа со турските стопанственици: Зелените инвестиции се основа за одржлив развој | FinPortal.mk

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари средба со претставници на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), на