Хоџа од Жабљак: Зелената агенда за Западен Балкан мора да донесе видливи резултати за граѓаните

FinPortal.mk · 18.9.2026 г.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествува на Третиот министерски состанок за Зелената агенда за Западен Балкан, кој се одржува на 18 и 19 септември во Жабљак, Црна Гора. Состанокот се одвива во рамки на претседавањето на Црна Гора со Берлинскиот процес за 2026 година, а централна тема на дискусиите е преминот од заложби кон конкретна реализација на зелената политика во регионот. Во обраќањето на главната сесија насловена „Зелена агенда за Западен Балкан – од заложби кон реализација“, министерот Хоџа ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон Зелената агенда и кон европската интеграција. Тој посочи дека во следната фаза фокусот треба да биде ставен на имплементација, инвестиции и регионална соработка, наместо само на декларативни заложби. „Зелената агенда треба сè повеќе да стане платформа за регионална имплементација, а не само за регионален дијалог. Загадувањето не застанува на границите, а климатските ризици се заеднички“, порача Хоџа, нагласувајќи ја потребата од заеднички решенија, размена на знаење и податоци, усогласување на стандардите и развој на регионална инфраструктура таму каде што тоа е оправдано. Министерот јасно ја истакна и мерката според која ќе се оценува успехот на целиот процес. „Успехот нема да се мери според бројот на усвоени документи. Ќе се мери според конкретните промени кои носат бенефит за граѓаните од целиот регион“, истакна Хоџа, ставајќи го акцентот врз практичните ефекти од зелената транзиција врз секојдневниот живот на луѓето. Во однос на клучните приоритети на Северна Македонија во наредниот период, министерот се осврна на забрзувањето на инвестициите во обновливи извори и енергетска ефикасност. Тој ја нагласи и потребата од зајакнување на климатското управување и подготовката за европската климатска рамка, како и праведна транзиција за регионите зависни од јаглен. Како дополнителни приоритети, Хоџа ги наведе забрзувањето на реформите во управувањето со отпадот и циркуларната економија, како и

Хоџа од Жабљак: Зелената агенда за Западен Балкан мора да донесе видливи резултати за граѓаните | FinPortal.mk

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествува на Третиот министерски состанок за Зелената агенда за Западен Балкан, кој се одржува