Хоџа од Рим: Сушите, поплавите и загадувањето бараат заеднички регионален одговор
FinPortal.mk · 29.9.2026 г.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествуваше на Втората министерска средба за вода на Унијата за Медитеранот (UfM) во Рим, каде пред претставниците на земјите од евро-медитеранскиот регион ја истакна потребата од силна регионална соработка во услови на сериозни климатски предизвици. На собирот, кој ги обединува државите од овој регион, Хоџа нагласи дека сушите, поплавите и загадувањето не познаваат граници и затоа бараат заедничка акција и координиран пристап, особено во прекуграничните речни басени, бидејќи, како што порача, заедничката вода подразбира и заедничка одговорност. Во своето обраќање пред министрите и претставниците на меѓународните институции, македонскиот министер се осврна на значењето на интегрираниот пристап кој секторот за води го поврзува со енергетиката, земјоделството и заштитата на животната средина. Тој посочи дека водните ресурси не можат да се третираат изолирано од останатите сектори, туку дека современиот развој се потпира токму на нивното поврзување и на дигитализацијата како алатка за подобро управување. Според Хоџа, само вака поставен пристап овозможува одржливо искористување на водата и навремено реагирање на климатските ризици. Министерот во Рим потсети и дека преку процесот на евроинтеграции националните политики посветено се усогласуваат со европските стандарди, со посебен акцент на подобрување на третманот на отпадните води и градење климатска отпорност. Во тие рамки, тој нагласи дека остварувањето на овие цели бара значајни инвестиции, одржливо финансирање и силна мобилизација на домашните и меѓународните ресурси, бидејќи без конкретни вложувања стратешките определби тешко можат да се претворат во практични резултати за граѓаните. На крајот од своето излагање, Хоџа изрази целосна поддршка за министерската Декларација за вода и за Римската иницијатива, порачувајќи дека постои целосна подготвеност за активно партнерство со сите земји од регионот. Според него, токму ваквата соработка е патот стратешк