Хилтон прима 20 луѓе од 5.000 пријави: хотелската програма е поизбирлива од Харвард

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Младите кои влегуваат на пазарот на труд соочуваат се со бројни пречки, а веќе не е само недостатокот на искуство она што ги попречува. Со подемот на вештачката интелигенција, регрутерите редовно се преплавени со пријави, а потоа и самите користат вештачка интелигенција за да ги филтрираат кандидатите. Овој феномен е опишан како „маѓепсан круг на вештачката интелигенција“. Хотелската империја Хилтон забележала дека нејзината програма за почетна кариера добива илјадници пријави за само неколку места. Според извештај на Fortune, програмата Launch на Хилтон примила 5.000 пријави во период од само неколку недели, но прифаќа само 20 лица. Тоа значи стапка на прифаќање од само 0,4 отсто, што ја прави поизбирлива од универзитет од Лигата на бршленот. За класата на Харвард од 2029 година, стапката на прифаќање била 4,18 отсто, односно 2.003 примени студенти од 47.893 пријави. Програмата Launch е наменета да создава идни лидери за компанијата, нудејќи и корпоративно искуство и можност за учење надвор од САД. Двегодишната програма започнува со десетмесечен престој во седиштето на Хилтон во Меклин, Вирџинија, каде учесниците работат во една од клучните корпоративни области за да развијат деловни, аналитички и технолошки вештини. Потоа следува тримесечна ротација во еден од хотелите на Хилтон ширум светот, за да се види хотелското работење од прва рака. Потоа следува уште една десетмесечна ротација во Вирџинија во клучна корпоративна област. Практичната обука за лидерство е голема предност на програмата, но она што можеби е уште попривлечно е тоа што по успешното завршување на програмата, учесниците добиваат понуда за постојано работно место, според Fortune. Лора Фуентес, главен директор за човечки ресурси во Хилтон, изјавила за Fortune дека програмата Launch има за цел да им даде на учесниците сеопфатно искуство во бизнисот и да биде влезна врата за кариера. „Овие работни места се исклучително конкурентни. Имаме 20 до 30 места, а добиваме 5. 000 пријави“, рекла Фуентес. „Тоа е

Хилтон прима 20 луѓе од 5.000 пријави: хотелската програма е поизбирлива од Харвард | FinPortal.mk

Младите кои влегуваат на пазарот на труд соочуваат се со бројни пречки, а веќе не е само недостатокот на искуство она што ги попречува. Со подемот на вештачката