ХЕРА отвори советувалиште за перименопауза во Скопје — прво од ваков вид во државата
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА го отвори првото советувалиште за перименопауза во земјата. Просториите се наоѓаат во Младинскиот центар „Сакам да знам“ на улицата Елисие Поповски Марко број 2 во Скопје, во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Советувалиштето ќе работи еднаш неделно, се планира тоа да биде во среда, во периодот од 15 до 18 часот. Жените можат директно да дојдат во советувалиштето, а можат и по телефонските броеви на асоцијацијата ХЕРА да се јават и да закажат консултација со доктор. Претседателот на ХЕРА, д-р Велимир Савески, изјави дека со ова советувалиште жените добиваат конкретна поддршка од асоцијацијата, со што се потенцира важноста на перименопаузата во нашата држава. Според него, жените на едно место добиваат стручна поддршка од обучени лица коишто ќе им ги дадат сите потребни информации и услуги за овој период од животот на жената, за којшто досега не се работело многу. Савески смета дека жените имаат потреба од соодветна грижа и услуги во овој период. Гинекологот прим. д-р Искра Дукова објасни дека хормонските промени што настапуваат во годините пред, за време и по менопаузата имаат значителен ризик за хронични заболувања, како што се кардиоваскуларните заболувања и остеопорозата. Таа нагласи дека овие хронични заболувања можат значително да влијаат на животот и функционирањето на самата жена, особено знаејќи го фактот дека животниот век сега продолжува и околу една третина од животот жената го поминува во перименопаузата. Од таму, како што рече, истовремено се зголемува и потребата од добра медицинска грижа и услуги кај овие пациентки. Според д-р Дукова, советувалиштето ќе обезбеди директна комуникација со гинеколог, каде што жената ќе може да ги каже своите симптоми. Таа истакна дека жената треба првин да најде поддршка во семејството, а потоа и стручна поддршка од докторите и од ваквите проекти каде што ќе може да зборува за сè, не само за симптомите и медицинските проблеми. Отворањето на советувалиштет