Хаг утре со пресуда за Тачи: Дали исходот од судењето на ОВК ќе ја отвори и македонската тема за ОНА?

FinPortal.mk · 15.9.2026 г.

Хаг утре, на 16 септември, може да донесе пресуда што формално ќе се однесува на Косово, поточно на командниот врв на поранешната ОВК, поврзано со дел од настаните од косовската војна, за кои хашкото обвинителство смета дека се инкриминирани поведенија. Но, како што се наведува, политичките последици од таа пресуда може да бидат многу пошироки од оваа „косовска приказна“. За македонската политичка сцена, хашкиот исход може да стане своевидно огледало. Во него, индиректно, ќе се препознава и една недовршена македонска приказна, а тоа е прашањето за одговорноста на командниот и политичкиот врв на ОНА (УЧК) за конфликтот во 2001 година. Токму затоа прашањето не е само дали Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи ќе бидат ослободени или осудени. Прашањето е што ќе значи таа пресуда за аргументите со кои во Скопје со години се брани тезата дека конфликтот од 2001 година треба да остане затворено политичко поглавје. Правно-политичкиот исход во Хаг има индиректна вредност и за македонското правосудство. Ако Хашкиот суд утврди дека обвиненијата против командниот врв на ОВК не се докажани надвор од разумно сомнение, тоа неизбежно ќе биде употребливо како аргумент во секоја идна расправа за карактерот на оружените конфликти на Албанците во регионот. Не како автоматски правен преседан, туку како политички и правен аргумент. Во таа смисла се отвора првото клучно сценарио. Доколку утрешната пресуда, иако првостепена, би била ослободителна за Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, тоа не би значело дека ОНА е автоматски ослободена од каква било одговорност. Судовите не функционираат по принципот „ако едните се ослободени, другите мора да бидат ослободени“. Но политиката функционира токму така што бара паралели. Елементите во полза на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, би можеле да аргументираат во смисла на тоа дека „ако меѓународниот суд не успеал да докаже индивидуална кривична одговорност на највисокото раководство на ОВК за делата што му се ставаат

Хаг утре со пресуда за Тачи: Дали исходот од судењето на ОВК ќе ја отвори и македонската тема за ОНА? | FinPortal.mk

Хаг утре, на 16 септември, може да донесе пресуда што формално ќе се однесува на Косово, поточно на командниот врв на поранешната ОВК, поврзано со дел од настан