Грос ја смирува еуфоријата во Брајтон: Не сме во трка за титулата

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Брајтон е најпријатното изненадување во досегашниот тек на сезоната во Премиер лигата, но заменик капитенот на тимот Паскал Грос смета дека е прерано да се зборува за борба за титулата. По десет одиграни кола, Арсенал веќе се издвои на врвот на табелата со предност од пет бода пред составот од „Амекс“, кој во тековната година делува доста сериозно и веќе успеа да ги победи Арсенал и Манчестер Сити без притоа да прими гол. Токму ваквите резултати создадоа одредена врева околу клубот, па полека почна да се поставува прашањето дали Брајтон е кандидат за титулата и дали може да го издржи ритамот до крајот на натпреварувачката 2026/2027. Искусниот Грос, кој е еден од лидерите и заменик капитен на составот, ја смирува еуфоријата и порача дека тие воопшто не размислуваат на таа тема. „Не. Не сме во трка за титулата. Ја започнавме сезоната навистина добро. Сепак, ова е почеток на сезоната. Ја гледате Премиер лигата, маргините, ги гледате резултатите. Сè уште не се занесуваме. На секој натпревар мора многу да страдаме“, порача Грос. Тренерот Фабијан Хирцелер пак има поинаков поглед на работите и смета дека навивачите имаат право да сонуваат за големи работи. „Тие секогаш треба да бидат возбудени ако ги гледаат нашите натпревари, а тоа е наша работа, да ги возбудиме. Секогаш велам дека можат да сонуваат, можат да имаат големи очекувања од нас, но тоа се работи што не можеме да ги контролираме. Постојат моменти и фази во играта каде што индивидуалните играчи, но и целиот тим, можат да се подобрат, и тоа е главниот фокус за нас“, истакна германскиот стручњак. Брајтон со години е незгоден и квалитетен состав во англискиот фудбал, но во тековната сезона делува доста посериозно од вообичаеното. Победите против Арсенал и Манчестер Сити без примен гол се најсилниот аргумент за добрата форма на тимот од „Амекс“, која го носи епитетот на најпријатно изненадување во досегашниот тек на Премиер лигата. Сепак, и покрај импресивниот старт, во клубот остануваат смирени. Грос јасно стави до

Грос ја смирува еуфоријата во Брајтон: Не сме во трка за титулата | FinPortal.mk

Брајтон е најпријатното изненадување во досегашниот тек на сезоната во Премиер лигата, но заменик капитенот на тимот Паскал Грос смета дека е прерано да се збор