Green Machines со електрични метларки на саемот PWX 2026 во Хјустон
FinPortal.mk · 12.9.2026 г.
Македонскиот бренд Green Machines, дел од компанијата БРАКО, го зајакнува своето присуство на американскиот пазар со учество на саемот PWX 2026 во Хјустон, САД, каде заедно со својот дилер за Тексас, IDS Equipment, ги претстави електричните метларки GM720ze и GM500ze. Настанот беше можност компанијата да ги претстави своите целосно електрични решенија за урбано чистење пред американската професионална јавност. Според објавата на сопственикот на БРАКО и Green Machines, проф. д-р Кочо Анѓушев, интересот за електричните метларки на Green Machines во САД расте. Меѓу неодамнешните клиенти на компанијата се Disney Studios и Градот Сиетл, а машини на Green Machines веќе работат на повеќе локации низ Соединетите Американски Држави. Тоа, како што беше наведено, претставува значајна потврда за конкурентноста на производите развиени и произведени во Македонија. „Како сопственик, горд сум на она што Green Machines го постигнува на американскиот пазар. Особено сум горд што машини дизајнирани и произведени во Македонија денес работат низ Соединетите Американски Држави, кои се еден од најголемите и најконкурентните пазари во светот. Неодамнешните нарачки од клиенти како Disney Studios и Градот Сиетл се уште една потврда за довербата што ја градиме. Ова е резултат на работата на нашиот тим во САД и на партнерите кои ја препознаваат вредноста на нашиот бренд“, изјави Анѓушев во објава на социјалните мрежи, честитајќи им за постигнатите резултати на вработените во Green Machines US, компанијата-ќерка на македонската Green Machines со седиште во Калифорнија. На PWX 2026, Green Machines настапи заедно со IDS Equipment, својот дилер за Тексас, кој е дел од продажната и сервисната мрежа преку која компанијата го развива своето присуство на американскиот пазар. PWX е еден од значајните настани за секторот на јавни и комунални услуги во Северна Америка, кој на едно место ги поврзува професионалците од оваа област. Претставувањето на моделите GM720ze и GM500ze во Хјустон доаѓа во момент ког