Гранит“ со добивка од 6,69 милиони евра по девет месеци, автопатот Кичево – Охрид главен двигател на растот
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Градежната компанија „Гранит“ АД Скопје ги заврши првите девет месеци од годинава со зголемен обем на работа и позитивен финансиски резултат, при што оствари добивка од 6,69 милиони евра. Вкупната сеопфатна добивка на компанијата изнесува 2,07 милиони евра, а разликата меѓу двата износа главно произлегува од евидентираната нереализирана загуба поради намалувањето на пазарната вредност на портфолиото акции што го поседува „Гранит“, заклучно со 30 септември. Во текот на трите квартали вкупните единечни приходи на „Гранит“ достигнале 60,31 милион евра, што претставува раст од 79 насто на годишно ниво. Од продажба компанијата остварила 55,82 милиони евра, или дури 91 насто повеќе во однос на споредбениот период. Како главна причина за силниот раст се посочуваат активностите од изградбата на автопатот Кичево – Охрид, како и од неколку други проекти. Повисоки се и финансиските приходи, кои во деветте месеци достигнале 2,58 милиони евра. Од компанијата наведуваат дека нагорното движење е засновано на повисоката дивиденда добиена од акциите што „Гранит“ ги поседува во Комерцијална банка. Со растот на деловните активности се зголемиле и трошоците за 74 насто. Вкупните единечни расходи за деветте месеци изнесуваат 53,62 милиони евра. Во однос на финансискиот план за годинава, приходите од продажба се движат во рамките на планираното, додека остварената добивка е над планираниот износ. И приходите од финансирање се повисоки од предвиденото со планот. Во периодот од јануари до септември градежната компанија инвестирала 1,03 милиони евра во основни средства. Од „Гранит“ очекуваат во наредниот период да ги заокружат проектите од областа на градежната инфраструктура што се во завршна фаза. Истовремено, се очекува да започне реализацијата на новодобиените проекти за изградба на автопатишта, што треба да го одржи повисокото ниво на градежна активност и во периодот што следува. Силниот раст на приходите од продажба од 91 насто во споредба со истиот период лани ја потврдува клучната у