02.11.2026 - Гранит АД Скопје - Други ценовно чувствителни информации
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Градежното друштво ГД Гранит АД Скопје за периодот јануари – септември 2026 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните единечни финансиски извештаи, соопшти компанијата во образложението објавено како ценовно чувствителна информација. Според билансот на успех, остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – септември 2026 година изнесуваат 3.709.200 илјади денари и во споредба со истиот период од 2025 година бележат зголемување за 79 отсто. Приходите од продажба за периодот јануари – септември 2026 година изнесуваат 3.432.933 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период од 2025 година бележат зголемување за 91 отсто, пред сè како резултат на фактот дека друштвото има зголемен обем на работа на проектот автопат Кичево – Охрид и неколку други проекти. Финансиските приходи за периодот јануари – септември 2026 година изнесуваат 158.464 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период од 2025 година бележат зголемување, пред сè како резултат на повисоката добиена дивиденда од акциите во Комерцијална банка АД Скопје. Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – септември 2026 година се во износ од 3.297.585 илјади денари, споредено со истиот период од 2025 година бележат зголемување за 74 отсто и истото е соодветно на зголемувањето на приходите од продажба и поголемиот обем на активности. Во периодот јануари – септември 2026 година, друштвото оствари позитивен резултат (добивка) во износ од 411.614 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 127.137 илјади денари и е помала од добивката, пред сè како резултат на евидентирана нереализирана загуба од намалување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува друштвото во периодот до 30.09.2026 година. Во однос на финансискиот план на друштвото за 2026 година, приходите од продажба се реализирани во рамки на планираните, додека остварената добивка е над планираните износи за 2026 година. Приходите од финансирање се реализи