Гранд Скопје им подарува дизајнирана и опремена кујна на првите десет купувачи на стан
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Компанијата Гранд Скопје воведе нова ексклузивна поволност за своите идни купувачи: на првите десет клиенти кои што ќе купат стан почнувајќи од 23 септември 2026 година, им се доделува целосно дизајнирана и опремена кујна. Со овој потег, компанијата сака на своите купувачи да им понуди дополнителна вредност и целосно искуство на нов дом, со што процесот на вселување во новиот стан станува значително полесен и побрз. Идејата зад кампањата е едноставна, но суштинска: новиот стан уште од самиот почеток да биде поблиску до моментот кога навистина ќе стане дом. Наместо купувачите сами да поминуваат низ долготрајниот процес на избор на мебел, дизајн и монтажа, Гранд Скопје презеде обврска тоа да го стори наместо нив. За секоја од десетте кујни, дизајнот го презема LUX Design Studio, кое ќе се погрижи за севкупното решение — од идејата и проектирањето, па сè до реализацијата и монтажата на кујната. Експертизата на дизајнерското студио дополнително ќе додаде на вредноста на станот во кој купувачите веќе инвестираат, без разлика дали тоа ќе биде нивниот нов дом или пак ќе ги користат бенефитите на одличната локација за издавање на истиот. Ова е исклучително значаен момент при опремувањето на еден од најважните простори во станот, а сега првите десет купувачи имаат можност да се вселат во дом со веќе осмислена и опремена кујна, подготвена за користење од првиот ден. Од компанијата потсетуваат дека кујната не е само место каде што се подготвува храна. Таа е просторот каде што започнува утринското кафе, каде што се одвива првата заедничка вечера, каде што се водат разговорите што траат подолго од планираното и каде што се создаваат сите оние мали моменти од кои подоцна се создаваат спомени. Токму затоа, со оваа кампања Гранд Скопје сака да придонесе за првиот чекор во уредувањето на домот за своите клиенти — кујна во која ќе започнат нивните нови приказни. Кампањата е лимитирана и се однесува исклучиво на првите десет клиенти кои што ќе го купат својот стан почнувајќи од 23 сеп