Граѓаните често не препознаваат дека „врските“ и бесплатните услуги се исто така поткуп, предупредуваат активисти

FinPortal.mk · 26.9.2026 г.

Корупцијата во здравството не се сведува само на плик со пари. Голем број граѓани не ги препознаваат различните облици на коруптивно однесување, особено кога не станува збор за директно плаќање, беше истакнато на јавната трибина „Корупција во здравството – да зборуваме отворено“, одржана во Прилеп. Настанот е втор од серијата јавни трибини што ги организира Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, во рамките на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“. Според податоците презентирани на трибината, кај граѓаните што имале директно коруптивно искуство, во 62,7 отсто од случаите станувало збор за поткуп со пари. Но, како што беше нагласено, парите во плик се само еден од повеќето облици на корупција. Меѓу нив се и користењето „врски“, подароците, бесплатните услуги за лекари и упатувањето пациенти на скапи прегледи во приватни установи. Весна Шапкоски од граѓанската организација „Станица П.Е.Т.“, која е партнер во проектот, го посочи искуството на жена од ранлива категорија која шест месеци бесплатно чистела кај лекарка специјалист, очекувајќи таа да го оперира нејзиното дете. „Нема директно дадени пари, но имаме размена на вредност. Ваквите примери покажуваат дека мора да излеземе од тесното разбирање дека корупцијата секогаш е само плик со пари“, истакна Шапкоски. На трибината зборуваше и Наташа Илијоска, матичен лекар од Прилеп. Таа нагласи дека најголемиот дел од здравствените работници ја извршуваат својата работа совесно, но дека поради неетичкото постапување на поединци честопати се етикетира целата професија. Според Илијоска, учеството на здравствените работници во борбата против корупцијата е особено важно, бидејќи тие непосредно ги гледаат проблемите и можат да понудат реални решенија. „Корупцијата успева ако молчиме и прифатиме дека така функционираат работите. Цената на молкот е нарушен квалитет на здравствената грижа, недоверба кај граѓаните и деградирање на целата професија“, пор

Граѓаните често не препознаваат дека „врските“ и бесплатните услуги се исто така поткуп, предупредуваат активисти | FinPortal.mk

Корупцијата во здравството не се сведува само на плик со пари. Голем број граѓани не ги препознаваат различните облици на коруптивно однесување, особено кога не