Ѓорѓиевски: Негативните цени на струјата се корисен инструмент за балансирање на пазарот
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Директорот на Македонската енергетска берза (МЕМО), Зоран Ѓорѓиевски, изјави дека зголеменото производство на електрична енергија од сонце и ветер може да доведе до појава на негативни цени на струјата, односно цени под нулата. Според него, ваквиот развој на настаните е логична последица на пазарните механизми и претставува корисен сигнал за сите учесници на пазарот, пренесува МИА. Ѓорѓиевски објаснува дека кога цената на електричната енергија оди под нула, пазарот јасно сигнализира дека во тој момент постои вишок на електрична енергија. Во такви услови, според него, потребно е или да се намали производството, или да се зголеми потрошувачката, односно да се активира флексибилноста и складирањето на енергијата. „Од тој аспект, сметам дека негативните цени се корисен инструмент доколку се дел од добро организиран и конкурентен пазар“, изјави првиот човек на МЕМО во интервју за МИА. Иако Македонија сè уште нема целосно либерализиран пазар на електрична енергија, производителите се почесто ја користат берзата за тргување. Според податоците што ги изнесе Ѓорѓиевски, годинава дури 22 отсто од целата електрична енергија во земјата била тргувана преку МЕМО. Во финансиски термини, за првите девет месеци од годинава преку берзата е остварен обрт од 241 милион евра. Ѓорѓиевски потенцира дека берзата не ја одредува крајната цена на струјата што ја плаќаат потрошувачите, но преку зголемена конкуренција помага таа да не стане превисока. На пазарот на електрична енергија на големо, како што објаснува тој, активно работат околу 20 снабдувачи и најмалку уште толку трговци со електрична енергија кои го нудат своето портфолио на потрошувачите. „Тоа претставува своевиден пазарен механизам на контрола на профитните маржи и овозможува заштита на потрошувачите од нереално зголемени трошоци на сметка на заработувачката кај трговците и снабдувачите со електрична енергија“, вели Ѓорѓиевски. Пазарот „ден однапред“ на МЕМО бележи значителен раст во изминатите три години, поточно од почетокот н