Ѓоковиќ по пресврт против Умбер го продолжува походот кон Торино

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Новак Ѓоковиќ го започна својот клучен поход кон завршниот Мастерс со тешка, но слатка победа на турнирот во Базел. Српскиот тенисер, кој настапува на овој АТП 500 настан за првпат по 2011 година, мораше добро да се испоти за да го скрши отпорот на незгодниот Французин Уго Умбер, славејќи со 2:1 во сетови (4:6, 6:3, 6:4). Французинот одлично го отвори натпреварот и со својот силен форхенд постојано му правеше проблеми на поранешниот светски рекет број еден. Откако го загуби првиот сет, Ѓоковиќ постепено почна да го пронаоѓа својот препознатлив ритам во играта и ја презеде контролата на теренот. По исцрпувачката битка која траеше два часа и 26 минути, Новак призна дека морал да ја преживее почетната офанзива на противникот. „Ова беше супер тежок меч, многу интензивен од самиот почеток. Тој ја удираше топката прекрасно и беше екстремно агресивен. Бев под напад од првиот поен, морав да ја преживеам бурата, но успеав да го пронајдам својот ритам во вториот сет“, изјави Ѓоковиќ по важната победа. При негатива од 1:4 во вториот сет, Умбер побара медицински тајм-аут поради проблеми со долниот дел од грбот. Откако мечот продолжи, Ѓоковиќ целосно ја затвори својата дефанзива и освои серија поени од тешки позиции, не оставајќи му простор на Французинот за ново изненадување. Овој триумф е од огромно значење за 39-годишниот Србин во неговата битка за пласман на завршниот турнир во Торино. Ѓоковиќ моментално се наоѓа на 11-то место во АТП трката, со 319 бодови помалку од деветтопласираниот Рафаел Ходар, кој исто така обезбеди пласман во второто коло во Базел. Со оваа победа, Новак стигна до својот 20-ти триумф годинава, забележувајќи неверојатна 21-ва сезона по ред со ваков учинок. Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде германскиот претставник Јан-Ленард Штруф, кој претходно го елиминираше својот сонародник Јаник Ханфман со 6:4, 6:3. Доколку Србинот го задржи перфектниот скор против Штруф, во четвртфиналето ќе вкрсти со Португалецот Нуно Боржес, кој приреди вистинска сензација во Б

Ѓоковиќ по пресврт против Умбер го продолжува походот кон Торино | FinPortal.mk

Новак Ѓоковиќ го започна својот клучен поход кон завршниот Мастерс со тешка, но слатка победа на турнирот во Базел. Српскиот тенисер, кој настапува на овој АТП