Гиновска: Инспекторатот за животна средина со нови правила и централизација на кадарот
FinPortal.mk · 5.10.2026 г.
Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, изјави дека приоритет во изминатиот период бил создавање професионална, подобро организирана и поефикасна институција, која е присутна на терен и подготвена да реагира кога се прекршува законот. Според неа, резултатите од досегашната работа се мерливи и покажуваат дека кога институцијата е организирана и присутна на терен, резултатите се видливи. Гиновска посочи дека во 2025 година биле извршени 1.702 инспекциски надзори, донесени 530 решенија, иницирани казни во вредност од 1,46 милиони евра, како и 7 кривични и 32 прекршочни постапки. Во првите четири месеци од 2026 година, како што наведе таа, се извршени уште 521 надзор, донесени 150 решенија, иницирани казни од 417 илјади евра и поведени 7 прекршочни постапки. „Но, бројките не се цел сами за себе“, додава директорката, оценувајќи дека тие покажуваат дека кога институцијата е организирана и присутна на терен, резултатите се видливи. Според Гиновска, ЗНАМ не е само коректор туку креатор на промени. Како еден од најголемите проблеми, Гиновска го истакна недостигот на инспекциски кадар. Затоа, како што вели, е изготвена стратегија за централизација на инспекцискиот систем, која е прифатена од Министерството за животна средина и просторно планирање. Со обединување на капацитетите на општинските и државните инспектори, Инспекторатот би добил околу 50 дополнителни професионалци, со што значително ќе се зајакне присуството на терен. Паралелно, како што посочи, се подготвени нови правила и методологија за проценка на ризик, со цел инспекциските контроли да се планираат според реалните ризици, а не според старата практика. Директорката на Инспекторатот нагласи дека институцијата учествувала и во подготовката на повеќе клучни законски решенија во областа на животната средина, вклучително и за индустриските емисии, климатската акција и просторното планирање, како и во решенијата со кои се предвидуваат построги санкции и воведување на категоријата „ек