Германски медиум ги пренесе предупредувањата на Сиљановска-Давкова: ЕУ мора да го затвори вакуумот на Балканот пред да се прошири преку Атлантикот

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Влијателниот германски весник „Die Tagespost“ во својата анализа насловена „Стареечки глобален играч“, објавена на 8 октомври, ги пренесува тезите и предупредувањата на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова за позицијата на Европската Унија и за чекорите што Брисел треба да ги преземе, јавува МИА. Според анализата на авторот Штефан Бајер, Сиљановска-Давкова е цитирана со оценката дека Југоисточна Европа не смее да стане зона каде што надворешни сили ќе ја тестираат својата моќ. Таа нагласува дека Западен Балкан останува „Ахиловата пета“ на Европската Унија, укажувајќи на сè посилното руско и кинеско влијание во регионот. Македонската претседателка остро ги критикува двојните аршини на Брисел кон земјите кандидати, потсетувајќи дека Македонија мораше да го смени името и Уставот, при што, како што е пренесено, „секој компромис беше претставен како уцена“. Иако Европа ја карактеризира како „суперсила во однос на животниот стил“, таа алармира дека Унијата мора да дејствува порешително за да го спречи геополитичкиот вакуум на Балканот. Статијата е илустрирана со фотографија на македонската претседателка заедно со францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит. Централна тема на анализата е драматичниот демографски пад на Европа, која денес брои околу 452 милиони жители и, според весникот, веќе од 2029 година ќе влезе во фаза на постојано намалување на населението, што директно ја загрозува нејзината глобална моќ. Германскиот весник заклучува дека комбинацијата од демографското изумирање на Стариот континент и неодлучноста на ЕУ на Балканот отвора широк простор за стратешко позиционирање на Русија и Кина, што сериозно ја турка Европа кон геополитичка безначајност. Анализата на „Die Tagespost“ е објавена во момент кога бавниот процес на проширување на ЕУ, според пренесените предупредувања на македонската претседателка, создава простор за руско и кинеско влијание, додека Европа се соочува и со демографско стареење. Пораките на Сиљановска-Да

Германски медиум ги пренесе предупредувањата на Сиљановска-Давкова: ЕУ мора да го затвори вакуумот на Балканот пред да се прошири преку Атлантикот | FinPortal.mk

Влијателниот германски весник „Die Tagespost“ во својата анализа насловена „Стареечки глобален играч“, објавена на 8 октомври, ги пренесува тезите и предупредув