Германски и регионални експерти за контролинг на конференција во Скопје на 30 септември
FinPortal.mk · 24.9.2026 г.
Седмата Германско-македонска конференција за контролинг ќе се одржи на 30 септември во Скопје под наслов „Актуелни предизвици во контролингот – вештачка интелигенција, дигитализација и преквалификација“, соопштија организаторите. На конференцијата ќе се разработуваат прашањата за тоа какви компетенции ќе им бидат потребни на контролерите во ерата на вештачката интелигенција, како технологијата ги менува финансиските функции и на кој начин компаниите можат подобро да ги претворат податоците во деловни одлуки. Програмата на конференцијата опфаќа две стручни предавања, три панел-дискусии и време за разговор и поврзување со говорниците и учесниците. Според најавите, фокусот ќе биде ставен на примената на технологијата, управувањето со ризиците и развојот на вештините на контролерите, што се наметнува како сѐ поважна тема во финансиската професија. Проф. д-р Мајк Шулце од CBS International Business School во Мајнц ќе го одржи предавањето „Иднината на контролингот: компетенции што го движат деловниот успех“. Во интервју за германскиот FINANCE, Шулце ги издвојува комуникацијата, критичкото размислување, приспособливоста и етичкото расудување како сѐ поважни вештини со растечката улога на податоците, автоматизацијата и вештачката интелигенција во финансиите. Со воведно обраќање ќе учествува и проф. д-р Роналд Глајх, академски директор на Centre for Performance Management & Controlling при Frankfurt School of Finance & Management. Проф. д-р Иван Шверко од PBZ Invest, Хрватска, пак, ќе одржи предавање за управувањето со ризиците во функција на контролинг-професиите во 2027 година. Панелот „Сметководство, контролинг и технологија во 2027 година“ ќе ги обедини Весна Прентоска од ИСОС, Михајло Борозанов од Макпетрол, Диме Галапчев од FinqUP, Анета Антова-Пешева од УЛТРА и Александар Николов од УЈП. Разговорот ќе го модерира Драган Илиевски од Fila Group. На панелот „Контролинг во банкарството и осигурувањето“ ќе учествуваат д-р Беркан Имери од Халкбанк, проф. д-р Горан В