Германската и холандската амбасадорка во Струмица разговараа со земјоделци за европските политики и руралниот развој

FinPortal.mk · 18.9.2026 г.

Амбасадорките на Сојузна Република Германија и на Кралството Холандија, Петра Дрекслер и Узлем Џанел, се сретнаа со земјоделци, претставници од академската заедница и од невладиниот сектор од струмичкиот регион. Средбата се одржа во Јуроп хаус во Струмица, во рамките на настанот „Кафе со амбасадори“, посветен на темата „Земјоделство и рурален развој“. На разговорот амбасадорките Дрекслер и Џанел зборуваа за значењето на земјоделството во современите европски економии, за искуствата на Германија и Холандија во овој сектор, како и за можностите што европската интеграција ги носи за земјоделците и за руралните средини во Северна Македонија. Струмица, како еден од најзначајните земјоделски региони во земјата, беше оценета како природно место за разговор за сектор кој не претставува само економска дејност, туку е и важен дел од локалниот идентитет, традицијата и секојдневниот живот. Во рамки на дискусијата, посебно внимание беше посветено на Заедничката земјоделска политика на Европската Унија (CAP) и на нејзиното практично значење за земјоделците. Се разговараше за тоа како европските земјоделски политики влијаат врз производството, поддршката за земјоделците, стандардите за животна средина и развојот на руралните заедници, како и за тоа што вклучувањето во овој систем би значело за малите и средните земјоделски производители во Северна Македонија. Амбасадорките ги споделија искуствата на Германија и Холандија во справувањето со еден од најголемите предизвици на современото земјоделство — како да се одржи висока продуктивност, а истовремено да се заштитат почвата, водата, биодиверзитетот и животната средина. Разговорот ги опфати и предизвиците поврзани со одржливото земјоделство, климатските промени и потребата за приспособување кон новите услови, без притоа да се намали конкурентноста. Иновациите и иднината на земјоделството, исто така, зазедоа важно место во разговорот. Беа разгледани искуствата со прецизното земјоделство, стакленичките технологии, дигитализацијата, и

Германската и холандската амбасадорка во Струмица разговараа со земјоделци за европските политики и руралниот развој | FinPortal.mk

Амбасадорките на Сојузна Република Германија и на Кралството Холандија, Петра Дрекслер и Узлем Џанел, се сретнаа со земјоделци, претставници од академската заед