Гери Невил предупредува: Одбраната на Јунајтед може да го однесе клубот во Втора лига
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, излезе со брутален заклучок по ремито 4:4 против Астон Вила на „Олд Трафорд“, предупредувајќи дека одбраната на клубот е толку слаба што може да го однесе тимот во Втората лига. Невил не ги штедеше зборовите по натпреварот во кој Јунајтед постигна четири гола, но и прими исто толку, спасувајќи се од сигурен пораз со два гола во судиското продолжение. Според Невил, главната причина за лошата игра на одбраната е тоа што клубот не инвестирал во одбранбени играчи за време на летниот преоден рок. „Причината поради која Манчестер Јунајтед прими четири гола е тоа што не инвестираше во одбраната за време на летниот преоден рок“, изјави Невил. Тој јасно алудираше на последната четворка одбранбени играчи составена од Доргу, Хевен, Јоро и Мазрауи, која го заврши натпреварот против Астон Вила. „Со одбранбените играчи со кои го завршија натпреварот против Астон Вила, тимот има големи шанси да испадне од Премиер лигата“, изјави Невил. Тој додаде дека сите за време на преодниот рок алармирале дека треба да се доведат одбранбени фудбалери и дека требало да се искористат средства за такви играчи. „Погледнете само какви грешки се правеа во одбрана. Мора да се доведат такви фудбалери во јануари“, заклучи тој. Невил доби поддршка од својот брат, Фил Невил, кој отиде уште подалеку во својата критика. „Таа последна четворка составена од Јоро, Хевен, Доргу и Мазрауи може да те испрати во Втора лига. Таа последна четворка е гаранција за отказ за било кој менаџер и таа последна четворка нема да го остави Јунајтед во Премиер лигата“, заклучи Фил Невил. Инаку, Астон Вила пропушти огромна шанса да ја запише првата победа на „Олд Трафорд“ во ерата на тренерот Унаи Емери. Шпанецот ќе мора да почека и за 13-ти натпревар за да запише прв триумф на „Театарот на соништата“, откако неговиот тим на крајот мораше да се задоволи со конечни 4:4. Тимот на Мајкл Карик покажа карактер како неколку дена претходно против Рома и во два наврати се враќаше