Георгиева: Високите приноси на обврзниците ги полнат сметките за камати, владите мора да реагираат
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, ги повика владите на големите економии да ги затегнат ремените, откако растечките приноси на обврзниците ги погодија буџетите. Обраќајќи се во Сингапур, пред почетокот на годишниот состанок на ММФ и Светската банка, таа оцени дека односот меѓу глобалниот долг и БДП е на највисоко ниво од Втората светска војна и дека е на пат во следните години да достигне 100 отсто. Според Георгиева, владите не можат да сметаат на брз економски раст за да го намалат товарот на долгот, туку ќе мора да донесат „многу тешки политички одлуки“. Таа нагласи дека економските политичари не смеат постојано да го одложуваат неопходното дејствување. „Мојата порака до светските економски креатори на политики ќе биде следнава: не можеме постојано да го одложуваме неопходното политичко дејствување – ги имате алатките, сега имајте ја мудроста да ги употребите“, рече таа. Георгиева додаде дека не гледа решителна акција во високозадолжените развиени економии, каде што е потребен веродостоен среднорочен план за фискална консолидација, поддржан во некои случаи со однапред предвидени фискални мерки. Приносите на обврзниците – всушност каматната стапка на долгот – во последните недели скокнаа, зголемувајќи ги трошоците за задолжување на многу влади до највисоки нивоа во повеќе децении, додека пазарите се прилагодуваат на изгледите за повисока инфлација како резултат на војната на Блискиот Исток. „Зголемените приноси ја надувуваат сметката за камати во време на тесни буџетски ограничувања и конкурентни приоритети за трошење, вклучително и одбраната“, рече Георгиева, повикувајќи на „итен и сеопфатен сет на политички одговори“. Таа оцени дека централните банки треба да бидат подготвени да ги зголемат каматните стапки за да ја спречат повторно разгорената инфлација, и дека сега можеби е добро време за претпазливо јастребово настројување во монетарната политика на многу земји. Георгиева го истакна и значењето на справувањето со ризиците од в