Гасперини: Мурињо е мајстор за убедување клубови да трошат големи пари на врвни играчи
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, пред претстојниот натпревар од Лигата на шампиони против Реал Мадрид, го издвои најголемиот квалитет на Жозе Мурињо, со кого се познава повеќе од 15 години уште од времето кога двајцата беа ривали во Серија А. Според Гасперини, она по што Португалецот најмногу се истакнува е неговата способност да ги убеди клубовите да купуваат извонредни играчи и да трошат големи суми пари. „Утре очекувам топло добредојде за Мурињо од фановите, имаше љубов кон Мурињо од нашите навивачи и тој заслужува признание што верувам дека ќе го добие. Резултатите најдобро зборуваат за тоа каков тренер е Жозе. Тој е еден од најуспешните тренери во историјата. Ако треба да издвојам едно нешто, тоа би била неговата способност да ги убеди клубовите да купуваат извонредни играчи и да трошат големи суми пари. Тоа не го може секој, видете колку пари дадоа ова лето за Диоманде“, изјави Гасперини. Натпреварот во Рим ќе биде специјален бидејќи истиот ќе значи и враќање за Мурињо на „Олимпико“, место каде што беше многу сакан од навивачите на Рома. Сепак, Гасперини воглавно мисли само на тоа што ќе го понуди неговиот тим, а не каква ќе биде атмосферата на трибините. „Ова е добар момент за нас, сакаме да се тестираме против врвен европски тим, дури и ако ним се уште им треба малку време да се прилагодат. Тие веќе го победија Интер, а тоа е престижен клуб во Италија и Европа. Знаеме дека не чека значаен натпревар и едвај чекаме да почне истиот“, рече тренерот на Рома. Гасперини потсети дека неговиот тим сериозно напредуваше под негово водство и експресно се квалификуваше во Лигата на шампиони, каде утре на домашен терен ќе го пречека најтрофејниот клуб во Европа. Тој истакна дека Рома има јасен став и карактеристики што не ги менува, без разлика на противникот. „Нашиот став не донесе во ситуација да играме вакви натпревари, имаме карактеристики што не ги менуваме. Ја знаеме вредноста на Реал, но тие не се првиот врвен тим со кој се среќаваме. Не им треба многу за да