Гаштаров: Ријера ми даде шанса, учам од него секој ден

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров изјави дека му е благодарен на тренерот на Црвена звезда, Алберто Ријера, за шансата што му ја даде и дека секој ден учи од шпанскиот стручњак. Деветнаесетгодишниот фудбалер во интервју изјави дека со доаѓањето на Ријера станал редовен член на почетниот состав на белградскиот клуб и дека добро ја искористил можноста. „Секако, кога дојде Ријера, многу ми помогна. Ми даде шанса и мислам дека добро ја искористив. Се обидувам да се докажам на секој тренинг, да учам што е можно повеќе, бидејќи откако дојде тренерот Ријера, научив многу за фудбалот. Среќен сум и внимателно го слушам на секој тренинг за да бидам подобар секој ден“, изјави Гаштаров. Тој во последните два месеци одигра дури 12 натпревари, а викендов доби одмор и не настапи против Младост во првенството на Србија. „Тоа се многу натпревари. Се обидувам да бидам професионалец, да јадам здраво, да се одморам и да спијам, да се опоравам што е можно побрзо од напорот во натпреварите. Паузирав против Младост, не е повреда, здрав сум и се подготвувам за Копенхаген“, рече Гаштаров. Паралелно со одличните игри за црвено-белите, следуваше и покана од селекторот на Македонија, Гоце Седлоски. Гаштаров настапи на сите четири натпревари во Лигата на нации во последниот циклус. „Многу сум среќен што бев поканет и што ги одиграв тие четири натпревари за репрезентацијата на Македонија. Сонував за тоа кога бев дете и навистина сум среќен. Не очекував сè да се случи толку брзо, но бев подготвен и мислам дека го покажав тоа“, изјави тој. Гаштаров проговори и за патот од младинскиот тим до првиот тим на Црвена звезда. „Ненад Милијаш ми помогна многу, и во животот и на теренот. Многу сум му благодарен. Бев со него во младинскиот тим сезона и пол. Потоа се преселив во Борац од Чачак, каде што одиграв една полусезона и покажав дека имам квалитет и дека можам да играм на повисоко ниво. Мојот тренер таму беше Кртолица, кој исто така ми помогна. Работев напорно, но на крајот се борев за место

Гаштаров: Ријера ми даде шанса, учам од него секој ден | FinPortal.mk

Македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров изјави дека му е благодарен на тренерот на Црвена звезда, Алберто Ријера, за шансата што му ја даде и дека секој ден