Гаштаров блескаше за Црвена Звезда, Елмас со Аталанта застана на реми

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров одигра одличен натпревар за Црвена Звезда, која со многу мака стигна до трите бода против Интер Ескалдес, совладувајќи го тимот од Андора со 2-1 во натпревар од третото коло во Конференциската лига на УЕФА. Српскиот претставник долго се мачеше да ја оправда фаворитската улога, а победата ја обезбеди дури во судиското продолжение. Првото полувреме донесе голема нервоза и исклучување на Александар Катаи, кој поради директен црвен картон мораше предвреме да го напушти теренот. Силите се израмнија во 51. минута, кога Доми Берланга го заработи вториот жолт картон, но гостите веднаш потоа го шокираа домаќинот. Борха Арељано ја искористи ситуацијата и донесе водство за Интер Ескалдес. Црвена Звезда потоа тргна во офанзива и создаде неколку добри можности, а отпорот на гостите конечно го скрши Владимир Лучиќ, кој во 80. минута погоди за 1-1. Македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров беше стартер и одигра одличен натпревар. По израмнувањето ја погоди стативата, а во текот на мечот креираше уште неколку сериозни шанси. Кога се чинеше дека гостите ќе се одбранат и ќе освојат голем бод, во 92. минута Јута Накајама се обиде со удар од околу 30 метри. Голманот Дијаз не успеа да ја задржи топката, која од неговото тело заврши во мрежата за конечни 2-1 и големо олеснување за домаќините. Ова е прва победа за тимот на Алберт Риера во Конференциската лига. За разлика од Црвена Звезда, Аталанта и Елиф Елмас не успеаја да ја потврдат фаворитската улога, ремизирајќи 1-1 против казахстанскиот Каират Алмати. Македонскиот „дијамант“ ги одигра сите 90 минути и имаше забележителен настап, иако еден негов погодок во второто полувреме беше поништен. Себастијан Херера беше стартер, а Дамјан Шишковски остана на клупата за резерви во поразот на Борац Бања Лука со 2-0 на гости против Мјалби. Хајдук Сплит загуби на Гибралтар од Линколн Ред Импс со 1-0, а Ајакс славеше со убедливи 1-6 на гости против Митјиланд. Фрајбург го победи Трабзонспор во Турција со

Гаштаров блескаше за Црвена Звезда, Елмас со Аталанта застана на реми | FinPortal.mk

Македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров одигра одличен натпревар за Црвена Звезда, која со многу мака стигна до трите бода против Интер Ескалдес, совладувај