Гаши: Нема да има предвремени парламентарни избори

FinPortal.mk · 14.9.2026 г.

Собранискиот спикер Африм Гаши изјави дека е убеден оти во државата нема да се случат предвремени парламентарни избори. Ова тој го соопшти на денешниот брифинг со новинарите, посочувајќи дека ваквото убедување го темели на својата политичка интуиција, но и на политичките изјави што деновиве се пласираат во јавноста. Гаши, како претседател на Собранието, денеска им се обрати на новинарите по повод редовните активности во законодавниот дом, при што главен фокус на неговото обраќање беше актуелната дебата за можноста за предвремени избори, тема што минатата недела ја актуализираше премиерот Христијан Мицкоски. Коментирајќи ја денешната редовна координација со првите луѓе на пратеничките групи во Собранието, Гаши посочи дека со претставникот на партијата Левица е отворено прашањето за Изборниот законик поради изнесените ставови во однос на предвремените избори. Според него, потребно е да се разговара и доколку има подготвеност, работната група во Собранието и координаторите треба да ја продолжат комуникацијата за Изборниот законик. Во однос на законот за правична застапеност, собранискиот спикер посочи дека има разговори со лидерите, но негираше дека меѓу нив е и Али Ахмети, претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ). Темата за предвремени избори минатата недела ја актуализира премиерот Христијан Мицкоски, кога одговарајќи на новинарско прашање, рече дека доколку опозицијата поднесе барање во Собранието, неговата ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори позитивно. „Оваа влада ја доби довербата од граѓаните да го води мандатот од четири години. Имаме редовни избори во април 2028 година, но ако опозицијата поднесе бара во парламентот за предвремени избори, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме“, рече тој на 11 септември. Потоа, опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) ја поздрави изјавата на премиерот за подготвеноста на неговата ВМРО-ДПМНЕ да оди на предвремени парламентарни избори, доколку во Собранието има такво барање. Од парт

Гаши: Нема да има предвремени парламентарни избори | FinPortal.mk

Собранискиот спикер Африм Гаши изјави дека е убеден оти во државата нема да се случат предвремени парламентарни избори. Ова тој го соопшти на денешниот брифинг