Гаши на Отворените денови на Институтот за македонски јазик: Јазикот да биде мост, не граница меѓу луѓето
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, порача дека јазиците не треба да се гледаат како граници меѓу луѓето, туку како мостови кон други култури, знаења и искуства. Оваа порака тој ја упати на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, настан што ја истакнува научната и културната мисија на оваа институција. Гаши истакна дека македонскиот јазик е темелен елемент на идентитетот на македонскиот народ, а неговата заштита и негување се одговорност на целото општество. Според него, во мултиетничка држава како Северна Македонија, прашањето на јазиците бара почит, одговорност и постојан дијалог меѓу сите заедници. „Таму каде што се почитува еден јазик, се почитуваат и луѓето што го говорат тој јазик“, порача претседателот на Собранието, нагласувајќи ја длабоката врска меѓу јазикот и човечкото достоинство. Осврнувајќи се на работата на Институтот за македонски јазик, кој повеќе од 70 години се занимава со научно истражување, заштита и унапредување на македонскиот јазик, Гаши оцени дека неговата улога е значајна не само за македонскиот национален идентитет, туку и за заедничката држава. Тој посочи дека долгогодишната научна посветеност на институцијата претставува темел врз кој се гради јазичната сигурност и културната самобитност на македонскиот народ. Како показател дека јазиците можат да ги поврзуваат луѓето и покрај нивните различни потекла и особености, Гаши ја наведе сродноста на одредени јазични карактеристики во македонскиот и албанскиот јазик, развиени низ долготрајниот меѓусебен контакт. Според него, јазичните контакти на Балканот се вистински доказ дека различноста не мора да значи одвоеност, туку може да биде основа за взаемно разбирање и збогатување. „Дури и кога политичките елити би сакале да ги разделат луѓето, јазиците се тие што ги поврзуваат“, истакна претседателот на Собранието, потенцирајќи ја отпорноста на јазичната комуникација пред политичките поделби. Гаши се осврна и на предизвиците што ги носат глобализацијата и дигитали