Гаши и Хилал разговараа за родовата еднаквост и поголемото учество на младите во политиката

FinPortal.mk · 22.9.2026 г.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Зеина Хилал, програмска директорка за родови и младински програми при Интерпарламентарната унија (ИПУ). Средбата се одржа во пресрет на утрешниот настан насловен „Унапредување на родовиот паритет и борба против дигиталното насилство врз жените во политиката во Северна Македонија“. На средбата соговорниците разговараа за актуелните прашања и предизвици поврзани со унапредувањето на родовата еднаквост, како и за зајакнувањето на учеството на младите во јавниот и политичкиот живот. Посебен акцент беше ставен врз создавањето услови за нивно активно и рамноправно вклучување во процесите на носење одлуки. Големо внимание на средбата беше посветено на предизвиците со кои се соочуваат жените и младите во дигиталниот простор, вклучително и дигиталното насилство и различните форми на дискриминација. Во тој контекст, беше истакната потребата од континуирано унапредување на институционалните механизми за превенција и заштита, како и од подигнување на свеста за препознавање и спречување на сите форми на насилство и нееднаквост. Во текот на разговорот се разговараше и за влијанието на родовите стереотипи врз можностите за рамноправно учество на жените во јавниот живот. Беше нагласено и значењето на создавањето средина во која жените и младите ќе имаат еднакви можности да придонесуваат во демократските процеси и во креирањето на политиките. Соговорниците се согласија дека Собранието, во соработка со Интерпарламентарната унија, ќе работи на зајакнување на институционалната соработка и размена на искуства и добри практики. Заедничката посветеност на овие прашања е од особено значење за градење општество во кое еднаквоста, инклузивноста и почитувањето на човековите права ќе бидат темелни вредности. Продолжувањето на соработката со ИПУ претставува важен придонес кон создавањето побезбеден, порамноправен и поинклузивен простор за жените и младите, со цел тие активно да учествуваат во јавниот живот и да имаат можност да го дадат

Гаши и Хилал разговараа за родовата еднаквост и поголемото учество на младите во политиката | FinPortal.mk

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Зеина Хилал, програмска директорка за родови и младински програми при Интерпарламентарната унија (ИПУ