Гаши и Хаџиу: Парламентарната соработка меѓу Македонија и Косово со интензивна динамика

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателката на Собранието на Република Косово, Аљбуљена Хаџиу, која претстојува во официјална посета на земјава. На средбата присуствуваа потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, претседателката на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Косово, Имрлие Салиу-Фетаи, и генералната секретарка, Марина Димовска. Претседателот Африм Гаши изрази задоволство од реализирањето на официјалната посета на претседателката Аљбуљена Хаџиу, што, како што беше нагласено, претставува потврда на заемната посветеност на унапредувањето на добрососедските односи, парламентарниот дијалог и соработката меѓу Северна Македонија и Косово. Тој нагласи дека парламентарната соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Собранието на Република Косово се карактеризира со интензивна динамика и изрази уверување дека ваквиот тренд ќе продолжи и во иднина. Гаши истакна дека двете земји споделуваат заедничка визија за мирен, стабилен, безбеден и економски просперитетен регион, интегриран во евроатлантските структури. Во таа насока, според него, важно е да се продолжи со отворениот дијалог и координација за прашањата од регионално значење. Претседателката на Собранието на Република Косово, Аљбуљена Хаџиу, се заложи за натамошно унапредување на конструктивната соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Собранието на Република Косово. Таа нагласи дека ова е нејзина прва официјална посета на странска земја како претседателка на Собранието, што претставува силна потврда за значењето на одличните билатерални односи и плодната соработка меѓу двете пријателски држави. Хаџиу изрази благодарност што Република Северна Македонија во континуитет има афирмативен став за пристапување на Република Косово кон сите мултилатерални и регионални организации и иницијативи. На средбата стана збор и за процесот на европските интеграции, при што соговорниците оценија

Гаши и Хаџиу: Парламентарната соработка меѓу Македонија и Косово со интензивна динамика | FinPortal.mk

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателката на Собранието на Република Косово, Аљбуљена Х